Вести - Јуни 2013

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Општина Струмица ја информира јавноста дека на ден 04.07.2013 г. ( четврток ) , со почеток од 05.00 часот до 06.30 часот ќе се спроведе авионско третирање против комарци на територијата на градот.

Општина Струмица успешно ги спроведува ИСО стандардите

Општина Струмица успешно го изведува, одржува  и развива системот за управување со квалитет согласно со барањата на стандардот ИСО 9001:2008 и системот за управување со околина согласно барањата на стандардот ИСО 14001:2004, ова е заклучокот од редовната проверка која беше изведена на 26 јуни годинава.

По првото пријавување останаа 337 слободни места во трите средни училишта

По првото пријавување во првиот уписен рок за учебната 2013/2014 година, во трите средни  училишта во општина Струмица останаа вкупно 337 слободни места. Најголем дел од нив, или 214 се во средното општинско училиште „Никола Карев“, 87 слободни места има во училиштето „Јане Сандански“ и 36 слободни места останаа во училиштето „Димитар Влахов“.
Второто пријавување од јунскиот уписен рок ќе се врши на први и втори јули, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на четври јули.

Северина главна ѕвезда на десетдневниот Струмица опен фестивал

Од 10 до 20 август, по втор пат во Струмица ќе се одржи културно забавната манифестација “Струмица опен фестивал“.  Цели десет дена струмичани, ќе можат да уживаат во богатата понуда која ќе се реализира на повеќе локации во градот. Промоции на книги, изложби, театарски претстави, концерти се само дел од годинашната понуда, која беше презентирана на денешната прес конференција.

Почна првиот уписен рок во средните општински училишта

Во  средните општински училишта денеска почна првиот уписен рок за учебната 2013/2014 година. Во трите училишта во општина Струмица ќе можат да се запишат вкупно 1.216 ученици. Во средното општинско училиште „Јане Сандански“ за упис во прва година се обезбедени  376 места во 11 паралелки, од нив 238 се во гимназиското образование, а останатите 138 во стручното образование.

Групи од Струмица на карневалот во Панчево

Квалитетот што секоја година го продуцира струмичкиот карневал, како манифестација со вековна  традиција, е причината поради која групите од Струмица се чести учесници на  карневалските манифестации и надвор од Македонија. Две карневалски групи учествуваа на десеттиот интернационален карневал „Панчево 2013“ што се одржа во истоимениот град во Србија.

Струмица и Хрватска ја продлабочуваат соработката – отворено дипломатско претставништво

Струмица и Хрватска имаат долго пријателство и успешна соработка кои претставуваат силен потенцијал за надоградување во наредниот период, ова е пораката од средбата на делегациите на Република Хрватска предводена од заменик министерот за надворешни работи и европски прашања, Јошко Клисовиќ и општина Струмица предводена од градоначалникот, Зоран Заев.

Страница 1 од 4

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544