Вести - Февруари 2013

Големите поплави на дневен ред на Советот на општина Струмица

Големите поплави во општина Струмица и последиците што тие ги предизвикаа беа тема и на денешната 66 седница на Советот на општина Струмица. Кирил Парталов, секретар на општината и командант на кризниот штаб ги информираше членовите на Советот за севкупната состојба со поплавите и големите последици што тие ги предизвикаа кај домаќинствата, стопанските објекти и обработливите површини.

Дваесет и шест странски групи на карневалот во Струмица

Во општина Струмица се интензивираат подготовките за најголемата забава под маски, традиционалниот струмички карневал 2013. Седумдневните карневалски празнувања ќе почнат на 14 март со концертот под маски на учениците од музичкото училиште „Боро Џони“, а на наредниот ден ќе се одржи традиционалниот маскенбал на кој ќе бидат избрани принцот и принцезата кои ќе ја предводат карневалската поворка на главната карневалска вечер која ќе се одржи на 16 март.

Квартален состанок на ПМИО за активностите на одговорните за образование во општините

На 27 февруари 2013 година во просториите на Домот на АРМ во Струмица се одржа првиот квартален состанок на одговорните за образование од општина Струмица со претставниците од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието и претставник од партнерската организација Љоја од Тетово.

Градоначалникот Заев: Политичките предрасуди да ги оставиме настрана, на народот му треба помош

Речните корита и водотеците се стабилизираат, а жителите се молат да не заврнат нови дождови, вака е денеска во поплавените населени места во струмичкиот регион. Во најзагрозените села водата почна да се повлекува, но се уште во големи количини ја има по дворовите, куќите и стопанските објекти.


Градоначалникот Заев: Со сите сили се бориме против оваа катастрофа

Жителите од поплавените населени места во општина Струмица ги чека уште една долга ноќ во битка со водената стихија. Најзагрозени се селата Муртино, Сачево, Просениково, Дабиле, каде се е поплавено и домовите и пластениците засадени со раноградинарски култури, под вода се дел и од автомобилите и земјоделската механизација.


Струмица ја одбележа 9 годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Општина Струмица денеска ја одбележа деветгодишнината од трагичната смрт на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски. Пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк подигнат во чест на Трајковски беше положено цвеќе, а за неговиот живот и неговото дело зборуваше Марјан Даскаловски, претседател на Советот на општина Струмица.

Состојбата со поплавите во Струмичко алармантна: четири села под вода

Состојбата со поплавите во општина Струмица станува алармантна. Врнежите од дожд во текот на ноќта и надојдените води од радовишкиот регион предизвикаа излевање на реката Струмица и останатите водотеци кои предизвикаа поплави во населените места Просениково, Дабиле, Муртино и Сачево. Буквално овие села личат на езера, се е под вода.

Поројните дождови го поплавија струмичкото поле

Поплавени улици, дворови и обработливи површини, вака е денеска по невремето проследено со поројни дождови и силен ветар што минатата ноќ го погоди струмичкиот регион. Најголеми штети се предизвикани во населените места од излевањето на реките и неисчистените полски канали од општините Василево и Босилово.

Страница 1 од 5

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544