Вести - Јануари 2013

Општина Струмица ги определи местата за изборни плакати за локалните избори

Општина Струмица ги определи местата за истакнување изборни плакати за локалните избори 2013 година. Членовите на Советот на општина Струмица на вчерашната седница ја усвоија предлог – одлуката за определување на места за истакнување изборни плакати. Според оваа одлука, определени се следните места:

Со 2,3 милиони денари општина Струмица ќе го финансира годинашниот карневал

Годинашното издание на струмичкиот карневал ќе се одржи од 15 до 20 март, а главната интернационална карневалска поворка низ улиците на Струмица ќе продефилира на 16 март, стои во предлог – програмата за организација и реализација на струмичкиот карневал во 2013 година што на денешната 65 седница ја усвоија членовите на Советот на општина Струмица. Со два милиони и триста илјади денари, средства обезбедени од буџетот,  општина Струмица ќе го финансира годинашното издание на струмичкиот карневал.

Населеното место Добрејци со нови тротоари

Деновиве по нови и модерни тротоари  се движат и  жителите на населеното место Добрејци. Комплетно е завршено поплочувањето со бекатон плочки на тротоарот од левата страна на улицата, од влезот до центарот на селото, на вкупна површина од 1.680 метри квадратни.

Решение за свикување на шеесет и петтата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

ОБЈАВА

Врз основа на член 136 став 1 , став 2 и став 3 од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр:53/2005, Сл.в РМ бр:81/2005, Сл.в на РМ бр:24/2007,Сл.в на РМ бр:159/08, Сл.в на РМ бр:83/2009 ,Сл.в на РМ бр:48/2010 Сл.в на РМ бр.124/2010, Сл.в на РМ бр.51/2011 и Сл.в на РМ бр.123/12 ) Градоначалникот на Општина Струмица врши:

Нови тротоари на улицата Балканска и во населеното место Муртино

Улицата „Балканска“  добива нов тротоар од десната страна, од хотелот „Илинден“ до подружницата на ЕВН во Струмица. На површина од 600 метри квадратни се поставуваат бекатон плочки, со што целосно се заокружуваат градежните зафати на оваа улица.

Струмица гас доби лиценца за дистрибуција на гас во следните 35 години

Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица Гас“ доби лиценца за вршење на на енергетска дејност - дистрибуција на природен гас до јануари 2048 година.

Нов начин на плаќање на водата за пиење во населените места во општина Струмица

Жителите на населените места во општина Струмица кои не се приклучени на водоснабдителниот систем на градот,  водата за пиење ќе ја плаќаат по нов начин што го утврди јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“. Имено, според одлуката што беше донесена  на последната седница на Советот на општината во декември минатата година, се утврдени две цени и тоа, до 15 метри кубни потрошена вода месечно цената изнесува 18 денари, а над 15 метри кубни цената изнесува 31,20 денари. Овие цени важат за корисниците на водата од водоснабдителните системи во населените места Банско, Муртино, Свидовица и Куклиш.

Страница 1 од 4

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544