Вести - Април 2017

Решение за свикување педесет и втората седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Членовите на „Детската амбасада за сите деца во светот“ од Прилеп во посета на општина Струмица

Салата на Советот на општина Струмица денеска беше полна со деца - членови на „Детската амбасада за сите деца во светот“ со седиште во Прилеп, а во рамките на нивната дводневна посета на Општината.

Советот на општина Струмица ја одржа 52-та седница

На педесет и втората седница на Советот на општина Струмица беа донесени повеќе одлуки, програми и извештаи со кои се подобрува квалитетот на животот на граѓаните. Советниците ги усвоија предлог - буџетскиот календар за подготовка и донесување на буџетот на општина Струмица за 2018 година, предлог - одлуката за утврдување на зоните и движење на пазарната вредност на градежно и земјоделско земјиште на подрачјето на општина Струмица,

Костадинов оствари средба со претставниците на проектот „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме“

Срдечна средба и дружење за паметење се случи денеска во кабинетот на вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов со претставниците кои учествуваат во реализацијата на проектот „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме“. Тој својата искрена љубов кон дечињата вклучени во проектот ја потврди со срдечниот пречек кој што им го приреди уште пред тие да влезат во неговиот кабинет.

Одбележан патрониот празник на СОУ „Никола Карев“

Средното општинско училиште „Никола Карев“ денеска го одбележа патрониот празник. Пред спомен бистата во училишниот двор се одржа пригодна свеченост на која покрај домаќините присуствуваа поголем број почитувачи и пријатели на училиштето. Во името на општина Струмица пред спомен бистата на Карев свежо цвеќе положи вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.

Промовиран Граѓанскиот буџет на општина Струмица за 2017 година

Центарот на заедницата во соработка со општина Струмица, денеска, во салата на Советот во домот на АРМ, го промовираа Граѓанскиот буџет на општина Струмица за 2017 година. Целта на овој граѓански буџет е транспарентно презентирање на информациите поврзани со буџетот и информирање на граѓаните на прилагоден, едноставен и достапен начин, со што буџетот на Општината ќе се приближи до граѓаните, чии пари влегуваат во истиот.

Од втори мај ќе започне запишувањето на ученици во прво одделение

Одделението за образование при општина Струмица, согласно Законот за основно образование и Законот за просветна инспекција, ги известува  родителите дека во месец мај ќе се врши упис на ученици во прво одделение за учебната 2017/18 година во сите општински основни училишта.Запишувањето  во прво одделение е задолжително за сите деца  кои   ќе наполнат 6 години до крајот на календарската 2017 година.

Костадинов:Општина Струмица има професионален однос кон искористувањето на средствата од ЕУ фондовите

Во рамките на реализацијата на проектот „Бизнис Мрежа С-К-К“, финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013, денеска, во хотелот „Сириус“ започна четиридневна обука на тема „Косме и Хоризонт 2020”. Учесниците на обуката ги поздрави вршителот на должноста градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

Страница 1 од 6

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544