Вести - Март 2014

Нови тротоари на улицата „Димитар Влахов“

Со нови тротоари се подновува улицата „Димитар Влахов“ кај старата болница во Струмица. Изваден е стариот асфалтен слој и се поставуваат нови бекатон плочки од двете страни на улицата. Од одделението за комунални дејности информираа дека градежниот зафат се изведува во должина од 192 метри, а ширина од 2,5 метри и е финансиран со средства од буџетот на општина Струмица.



Матурантите во Струмица почнаа со подготовките за матурската парада

Учениците од завршните класови во сите три средни училишта во општина Струмица и годинава ќе учествуваат во матурската парада. За да се покажат во најдобро светло, во какво што и ги гледавме во минатите години, тие веќе ги почнаа подготовките за беспрекорно да го одиграат танцот квадрил од штраусовата опера „Лилјакот“ во траење од осум минути.

ОБЈАВУВА: Издавање на Дозвола за Усогласување со оперативен план

Врз основа на член 113 , член 134 став 2 , член 135 и член 136  од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр:53/2005 , 81/2005 , 24/2007, 159/08 , 83/2009 , 48/2010 , 124/2010 , 51/2011, 123/2012, 93/2013, 187/2013 и 42/2014) , Градоначалникот на општина Струмица , издаде Дозвола  за усогласување со оперативен план

Струмица ќе биде домаќин на најмасовното спортско натпреварување во Македонија

Од 25 до 29 јуни годинава, Струмица ќе биде домаќин на Европското првенство во спортска ориентација за млади. Досега за првенството се пријавени 40 репрезентации со 600 натпреварувачи, со што се потврдува дека ова првенство ќе биде најголем спортски настан во Македонија. Претставници на општина Струмица и организациониот одбор на првенството, одржаа состанок на кој се анализираа досегашните и се дефинираа идните подготовки за првенството.

Успешно реализиран проектот за зајакнување на воспитната функција во училиштата во општина Струмица

Во сите основни и средни училишта во Струмица, успешно се реализираше проектот „Унапредување на воспитно – образовната работа во училиштата со посебен акцент на засилување на воспитната функција“. Под раководство на проф.д-р Розалина Попова - Коскарова, редовен професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, проектот се спроведуваше во периодот од 26 февруари до 20 март оваа година.

„Комуналец“ во пролетна акција за чистење на градот и населените места

Вработените во јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ја почнаа традиционалната пролетна акција за чистење на градот и населените места. Во градот, денеска се собираше разновиден отпад и се отстрануваше тревата  по булеварот „Гоце Делчев“. Во населеното место Градско Балдовци, со механизација се собираше ѓубрето насобрано покрај патот во близина на фудбалското игралиште.
Од ЈПКД „Комуналец“ велат дека ќе опфатени сите места, но и апелираат до граѓаните, посебно до тие во населените места, да бидат повнимателни со фрлањето на отпадот, особено во овие месеци кога се врши и пролетно чистење на домовите, и истиот да го фрлаат на места одредени за него.

Училиштата во општина Струмица се вклучија во одбележувањето на Денот на пролетта

Денот на пролетта и екологијата, 21 март, денеска работно беше одбележан во сите основни и средни училишта во општина Струмица. Преку едукативен час, учениците беа запознати со влијанието на загадувањето по здравјето на луѓето и како да ја чуваат здравата животна средина.

Одлука за определување на места за истакнување изборни плакати за Претседателските избори – 2014 и Предвремените Парламентарни избори - 2014, во Општина Струмица

Врз основа на член 78 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13 и 14/14) и член 20 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица“ бр. 4/03 и 2/06), Советот на општина Струмица, на седницата одржана на 14.03.2014 година, донесе

Страница 1 од 3

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544