Вести - Јануари 2014

Струмица воведува зонско паркирање

Советот на општина Струмица денеска донесе одлука за определување на зонско паркирање во градот. Во образложението за донесување на оваа одлука, градоначалникот Зоран Заев, рече дека со ова ќе се реши проблемот со паркирањето.
-Заедно со јавното претпријатие „Паркиралишта“ сакаме да го средиме паркирањето во Струмица, пред се во централното подрачје по пат и постапка што значи целосно управување со паркинзите од основаното јавно претпријатие за оваа намена. Мислиме дека имаме капацитет како јавно претпријатие сами да го организираме при пејд паркирањето во нашиот град.

Нацрт извештај за Стратегиска оцена на животната средина за Локална урбанистичка планска документација за КП бр.2512/1 и 2512/2 во КО Дабиле - Општина Струмица

Целта на овој извештај е да изврши идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина од имплементацијата на предвидениот плански документ уште во фазата на неговата подготовка и да предвиди соодветни мерки за спречување и контрола на влијанијата.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СПОРТ

Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица (Службен гласник  на Општина Струмица бр 5/06), Градоначалникот на Општина Струмица објавува:

Струмичани се подготвуваат за карневалот – главната карневалска вечер на први март

Се интензивираат подготовките за годинашното издание на традиционалниот струмички карневал. Седумдневните карневалски празнувања ќе почнат на 27 февруари со концертот под маски на музичкото училиште „Боро Џони“, а свеченото отварање ќе се одржи на 28 февруари со традиционалниот маскенбал на кој ќе бидат избрани принцот и принцезата.

Комуналец подготвен за одржување на улиците во зимски услови

Зимската служба на јавното  претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ е комплетно подготвена за одржување на улиците  во зимски услови. Според Бранко Ѓоргиев, раководител на работната единица „Чистота“, „Комуналец“ во моментот располага со 35 тони индустриска сол и 25 тони ризла за интервенција на улиците во зимскиот период. Покрај обезбедените количини на сол и ризла, подготвени се и двете возила за чистење на улиците од снег.

Решeние за свикување единаесетата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Општинскиот сервис „Систем 48“ вистински партнер на граѓаните - лани решени над илјада проблеми

Преку општинскиот сервис „Систем 48“ во 2013 година биле решени 1.066 проблеми на граѓаните. Со тоа, овој сервис потврдува дека граѓаните ја стекнаа неговата доверба и во него гледаат вистински партнер за решавање на нивните проблеми. Вкупно 1.134 пријави  биле доставени од граѓаните, од нив биле решени 1.066, а поради сложеноста на проблемите кои не можат да се решат во рок од 48 часа, останатите 68 пријави се во процес на решавање.

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија" бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 , 51/11 , 123/12 и 93/13), Општина Струмица, на ден 23.01.2014 година, донесе

Страница 1 од 2

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544