Вести - Ноември 2015

Преку граѓански буџетски форум општина Струмица го зголемува учеството на граѓаните во носењето на буџетот

 Во организација на Центарот на заедницата и општина Струмица утре (01.12.2015) во хотелот „Тивериопол“ со почеток во 17 часот ќе се одржи граѓански буџетски форум. Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на буџетот на Општината и зголемување на нејзината транспарентност. 

Градоначалникот Заев оствари средба со полскиот амбасадор Јацек Мултановски

Градоначалникот на општина Струмица,Зоран Заев, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски. На средбата, градоначалникот Заев и амбасадорот Мултановски ја потенцираа добрата соработка меѓу Македонија и Полска, но посебен акцент беше ставен на продлабочувањето на соработката меѓу општина Струмица и градот Грујец кои во 2012 година потпишаа Меморандум за соработка.

Ќе се бетонира улицата „Бошко Буха“

Заврши бетонирањето на тротоарот од десната страна на улицата „Бетовенова“ на потегот од спојот со улицата „Плачковица“ до спојот со улицата „Бошко Буха“. Екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска ги расчистуваа остатоците од земјата на улицата и останатиот отпад. Истовремено, друга екипа  врши подготовки за бетонирање на улицата „Бошко Буха“, денеска, се поставуваат рабниците, а по бетонирањето ќе биде поставена и урбана опрема.

„Комуналец“ го чисти булеварот „Гоце Делчев“

Екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска го чистат просторот од двете страни на булеварот „Гоце Делчев“ од „Жито Струмица“ кон влезот во населеното место Дабиле. Се собира отпадот и се вади земјата од прокопите кои беа направени за поставување на електричните столбови кои го осветлуваат булеварот и потоа истите ќе се бетонираат.

Струмица и Електростаљ испратија уште една порака на пријателство

Општина Струмица и градскиот округ Електростаљ од московската област на Руската федерација и денеска испратија уште една порака на пријателство и продлабочување на соработката во повеќе области. Посетата на руската делегација започна со средба во кабинетот на градоначалникот Зоран Заев, на која присуствуваа амбасадорот на Руската федерација во Република Македонија Олег Шчербак,

Градоначалникот Заев оствари средба со делегација од општина Разлог

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска, оствари средба со делегација на општина Разлог, Република Бугарија. На средбата се разгледуваа можностите за јакнење на капацитетите и соработката меѓу двете општини, а посебен акцент беше ставен на дефинирањето на идеи за заеднички проекти по новиот повик на ИПА програмата.

Се бетонира тротоар на улицата „Бетовенова“

По неколку дневните подготовки почна бетонирањето на тротоарот од десната страна на улицата „Бетовенова“. Овој градежен  зафат се реализира на потегот од спојот со улицата „Плачковица“ до спојот со улицата „Бошко Буха“. Откако ќе се заврши со бетонирањето на тротоарот ќе бидат поставени клупи и канделабри.

Се реконструираше водоводната мрежа во училиштето во Просениково

Во основното општинско училиште „Герас Цунев“ од Просениково заврши  реконструкцијата на водоводната мрежа. Со неа извршена е целосна замена на старите и дотраени поцинкувани цевки со нови пластични. Со овој зафат учениците и вработените добија поквалитетно водоснабдување.

Страница 1 од 8

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544