Вести - Јули 2015

Извршено миење на булеварот ,,Маршал Тито,,

Рано утрово, во периодот од 04.00 до 06.00 часот, ЈПКД ,,Комуналец,, во соработка со Територијалната противпожарна  единица од Струмица, изврши миење и дезинфекција на булеварот ,,Маршал Тито,, на потегот од раскрсницата кај ТЦ ,,Глобал,, до кружниот тек кај Поштата.  За утре наутро во истиот временски период е закажано миење и на булеварот ,,Ленинова,, , на потегот од хотелот ,,Централ,, до раскрсницата со улицата ,,24. Октомври,, . Според најавата од директорот на  ,,Комуналец,,  Зоран Горгиев, за следните петок и сабота  планирано е миење на уште два булевара во градот.

Прскањето против комарци успешно реализирано

Од вчера, доцна во ноќта (23.00 часот) до денес рано наутро (04.30 часот) во Струмица успешно беше извршено предвиденото теристичко (од земја) аеросолно прскање против комарци. Третирањето е реализирано на целата површината на Струмица во однапред предвидените граници, при  што беа опфатени сите улици во градот. Оваа реализирана активност е дел од програмата за работа на Општина Струмица за тековната 2015 година.

Ќе се врши миење на булеварите ,,Маршал Тито,, и ,,Ленинова,,

На 31. јули (петок) во периодот од 04.00 до 06.00 часот наутро,  ќе се изврши детално миење на двете страни од булеварот ,,Маршал Тито,, ,на потегот од семафорите кај ,,Глобал,, до кружниот тек кај поштата.Иста таква активност ќе биде спроведена и на 1. август (сабота) од 04.00 до 06.00 наутро и на булеварот ,,Ленинова,, , на потегот од хотелот ,,Централ,, до раскрсницата со улицата ,,24. Октомври,, (во близина на ,,Комуналец,,).ЈПКД ,,Комуналец,, ги замолува граѓаните кои живеат на овие два булевара, како и останатите граѓани, навреме да ги препаркираат своите автомобили од споменатите сообраќајници, за успешно да бидат спроведени планираните активности.

Поставени нови заштитни капаци на канделабрите во градскиот парк

Вандалското кршење на канделабрите  не е единствената загрижувачка појава во големиот градски парк во Струмица. Често пати мета на несовесни граѓани се и заштитните капаци на канделабрите, кои намерно се отстрануваат за да бидат исклучени автоматските осигурувачи, со што се предизвикува прекин во осветлувањето.

Ученици од Струмица и Муртино, дел од интеркултурна комуникација и соработка

Со нови знаења и искуства, деновиве од Троген – Швајцарија се вратија учениците и наставниците од Општинските основни училишта ,,Маршал Тито,, од Струмица и ,,Маршал Тито,, од Муртино, кои претстојуваа во Детското село ,,Песталоци,, , во рамките на проектот ,,Јакнење на мултиетничката соработка во општините,, .

Подготовки во СОУ ,,Никола Карев,, за новата учебна година

Покрај активностите поврзани со уписите на ученици, во Средното општинско училиште ,,Никола Карев,, во полн ек се неопходните подготовки за подобрување на условите за настава за  новата учебна 2015 / 16 година. Според зборовите на директорот на училиштето Драган Јанков, веќе е завршено обелувањето на ѕидни површини од вкупно 5000 метри квадратни. За таа намена, од сопствени средства се потрошени 208.942 денари.

Уличното осветлување во општината редовно се одржува

Јавното претпријатие ,,Паркиралишта – Струмица,, во чија надлежност е и одржувањето на уличното осветлување во градот и населените места, продолжува со редовната активност на промена на прегорените сијалици на територијата на целата општина. Според зборовите на Иван Стаменовски, раководител на Одделението за јавно осветлување, деновиве по пријава на граѓани на ,,Систем 48,, , променети се повеќе дефектни сијалици на улиците ,,Стив Наумов,, , ,,Јосиф Јосифовски,, , ,,Илинденска,, , ,,Страшо Пинџур,, , ,,Киро Абрашев,, , ,,Тимо Тренчев,, , ,,Кузман Јосифовски – Питу,, и ,,Димитар Влахов,, , како и на повеќе локации во селото Муртино. Таквата пракса на промена на прегорени сијалици ќе продолжи и во наредниот период, па се молат граѓаните да ги пријавуваат дефектите на уличните места од нивното опкружување, користејки го бесплатниот телефонски број 0800 – 148 – 48 на ,,Систем 48,, .

Продолжува хортикултурното доуредување во Струмица

Редовната неколкумесечна акција на Општина Струмица и ЈПКД ,,Комуналец,, за хотикултурно и друг вид уредување на градот, продолжува со несмален интензитет.  Вработени во Работната единица ,,Зеленило,, деновиве реализираат активност на доуредување на големиот кружен тек кој ги спојува улиците ,,Гоце Делчев,, и ,,Младинска,, .

Страница 1 од 8

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544