Вести - Јануари 2015

Градоначалникот Заев им подари пакетчиња на децата од социјално загрозени семејства

Во пресрет на божиќните празници, денеска, децата од социјално загрозените семејства добија пакетчиња од градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. Околу стотина пакетчиња беа поделени на деца од населените места Вељуса, Просениково, Банско и Градско Балдовци. Шеесет новогодишно – божиќни пакетчиња беа доставени и во католичката црква во Струмица.На овој начин, градоначалникот Зоран Заев, уште еднаш ја потврди својата хуманост и континуирана грижа за децата од општина Струмица.

Градоначалникот Заев го поддржа лекувањето на Николина Митева, Мартина Стојкова и Марија Гошева

Градоначалникот Зоран Заев, присуствуваше на новогодишно - божиќниот хуманитарен концерт што синоќа се одржа во НУЦК „Антон Панов“, а во организација на средното општинско училиште „Јане Сандански“ и Младинскиот совет. Освен со купените влезници, градоначалникот Заев донираше и дополнителни парични средства за лекување на Николина Митева, Мартина Стојкова и Марија Гошева. Овој хуманитарен концерт се одржа по петти пат, а годинава беше насловен како „Мрак или светлина“ и во него учествуваа околу шеесетина солисти, хористи, танчери и инструменталисти од СОУ „Јане Сандански“.Свој придонес во остварувањето на хуманите цели на концертот, дадоа и претседателот на Советот, Јосиф Христов и членови на истиот.

 

В недела ќе се одржи новогодишно – божиќен хуманитарен концерт

В недела, 4 јануари, со почеток во 19 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе се одржи новогодишно – божиќен хуманитарен концерт, насловен како „Мрак или светлина“. На концертот кој го организираат средното општинско училиште „Јане Сандански“ и Младинскиот совет, ќе настапат хорот и оркестарот при СОУ „Јане Сандански“, а средствата од влезниците кои се продаваат по цена од 100 денари се наменети за хумани цели за Николина Митева, Мартина Стојкова и Марија Гошева.

Мирна новогодишна ноќ за струмичките пожарникари

Тертиторијалната професионална противпожарна единица на Струмица имала мирна новогодишна ноќ. Според Мијалче Крстев, командир на единицата, имало една интервенција на запален оџак во индивидуална семејна куќа и едно превентивно делување на сообраќајна незгода која што се случила на патот Дабиле – Петралинци.
Инаку, во 2014 година оваа единица имала 370 интервенции, најголем дел од нив биле кај опожарени објекти, а поради честите врнежи од дожд, имало многу помалку интервенции при пожари на отворено, споредено со претходните години.
Од ТППЕ апелираат до граѓаните за поголема претпазливост околу оџаците во овој период од годината.

Градоначалникот Заев Новата година ја дочека со штитениците во Банско

Градоначалникот Зоран Заев и во измината новогодишна ноќ ја потврди својата голема човечност, едноставност и скромност. Тој десет години по ред, Новата година ја дочека заедно со штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.

 

Градоначалникот Заев го посети првото бебе родено во струмичката болница

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, го посети првото родено бебе во Новата 2015 година во медицинскиот центар во Струмица. Бебето е машко, родено во 1,40 часот по полноќ, тешко е 3,5 килограми и долго 50 сантиметри.

                                                         

Страница 6 од 6

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544