Вести - Јануари 2015

ОБЈАВА

Градоначалникот на Општина Струмица :

ОБЈАВУВА

Издавање на Дозвола  за Усогласување со оперативен план

Урбаната опрема во паркот повторно мета на вандали

Урбаната опрема во големиот градски парк повторно беше мета на вандалско однесување од страна на непознати сторители. Вандалите искршиле една канделабра, оштетиле клупи и превртеле бетонски корпи за отпадоци, а една од нив била фрлена и во езерцето.Ова не е прво уништување на урбаната опрема во големиот градски парк. На први ноември минатата година беа искршени пет канделабри, а оштетени поголем број корпи за отпадоци и клупи.Општина Струмица апелира до несовесните граѓани да престанат со уништувањето на урбаната опрема во паркот затоа што таа е набавена со пари од граѓаните и им служи на граѓаните.

Во декември решени 100 проблеми на граѓаните преку „Систем 48“

Преку општинскиот сервис „Систем 48“ во месец декември 2014 година се решени 100 проблеми на граѓаните на општина Струмица. Од вкупно доставените 112 пријави, нерешени се останати само 12 и тие се во процес на решавање затоа што за нив е потребно подолго време од 48 часа. И во овој месец најголем број од доставените пријави или 74 се од областа на уличното осветлување, 7 се од областа собирање смет, 16 од водовод и канализација и останатите од други области. Од „Систем 48“ им се заблагодаруваат на граѓаните за довербата и апелираат до нив за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848.

Општина Струмица доби благодарница од храмот „Св.15 Тивериополски свештеномаченици“

Струмичката епархија на Македонската православна црква, односно, храмот „Св.15 Тивериополски свештеномаченици“ и додели благодарница на општина Струмица за подадената рака и љубов кон својата света црква, вера и народ.

Висок процент на наплата на даноците за 2014 година

Изминатата 2014 година ја потврди успешната даночна политика на општина Струмица. Според информациите од одделението за администрирање на приходи, кај данокот на имот е реализирана вкупна наплата од 18.882.408 денари или 98,41 проценти. Кај правните лица реализираната наплата изнесува 5.768.184 денари или 99, 83 проценти, а кај физичките лица наплатата е 13.114.224 денари или 97,78 проценти.

Почитувани граѓани на Општина Струмица

Ве известуваме дека на ден 16.01.2015 година (петок) со почеток во 11.00 часот, во Салата на Советот на Општина Струмица (поранешен Дом на АРМ), ќе биде одржана јавна презентација на Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Програмата за водоснабдување, одведување, собирање и прeчистување на урбани отпадни води за агломерација Струмица.

Квартален извештај за работата на овластениот инспектор за патен сообраќај на oпштина струмица за период од 01.10.2014 до 31.12.2014 година

Во текот на извештајниот период Овластениот инспектор за патен сообраќај

изврши 52 контроли, и тоа на моторни возила и правни лица со кој се врши јавен превоз на патници во патниот сообраќај кој поседуваат лиценца за работа и при тоа констатирав дека:

Божиќна честитка од градоначалникот Зоран Заев до православните христијани

Почитувани  православни христијани


Предвесникот на Христовото раѓање – Бадник  и  Рожденството Христово – Божик, како едни од најторжествените празници во календарот на нашата Вера, нека бидат благословени зраци кои ќе донесат светлина и топлина во Вашите домови. Радоста, среќата и семејната хармонија нека ја опкружуваат Вашата празнична трпеза, а срцата и душите нека Ви бидат полни со богољубие, човекољубие и правдољубие. Време е за милосрдие, проштевање и подадена рака кон ближниот свој. Време е во мир, спокој и радост да ја дочекаме убавата вест за Христовото раѓање, кое ќе значи повторно раѓање на добрината, насмевката и убавиот збор меѓу сите возљубени чеда во Христа. Со вера, љубов и надеж нека бидат кажани зборовите на нашето меѓусебно празнично честитање: “Христос се роди – навистина се роди”.

За многу години да Ви биде празнувањето и радувањето.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544