Вести - Јануари 2015

Второто полугодие во основните и средните училишта почна со штрајк на наставниците

Второто полугодие од учебната 2014/2015 година во општинските основни и средни училишта во општина Струмица, денеска, почна со штрајк на наставниците. Согласно законските обврски и своите надлежности Општина Струмица ги обезбеди сите услови за непречено одвивање на наставата, а учениците кои дојдоа во училиштата беа прифатени.

Градоначалникот Заев присуствуваше на фрлањето на крстот во Струмица

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и денеска, на големиот празник Богојавление – Водици, беше со граѓаните на општина Струмица. Тој присуствуваше на фрлањето на светиот крст во водите на базенот Аквариус. Крстот го фати Иво Јонков од Русе, Република Бугарија, а градоначалникот Заев му подари Крст реликвијар од локалитетот „Цареви Кули“.

Честитајќи му го фаќањето на крстот, градоначалникот му посака многу здравје, среќа и успех.
Градоначалникот Заев, им го честита овој голем празник на сите православни верници кои денеска го празнуваат со желби за многу здравје и спокој во семејствата.

Добрата стратегиска оцена ќе придонесе за квалитетен третман на отпадните води

Денес во салата на Советот на општина Струмица се одржа јавна презентација на извештајот за стратегиска оцена на животната средина во рамките на реализацијата на Програмата за водоснабдување, одведување, собирање и прeчистување на урбани отпадни води за агломерација Струмица.

Вработените во општина Струмица даруваа крв и ја потврдија својата хуманост

По повод новогодишно – божиќните празници, денеска, во службата за трансфузиона медицина беше реализирана крводарителска акција за вработените во општина Струмица.

Издадени 1.652 решенија за легализирање на дивоградби

Секторот за урбанизам и комунални дејности при општина Струмица, согласно законот за постапување со бесправно изградени објекти издал 1.652 конечни решенија за легализирање на дивоградби.За 3.583 предмети документацијата е комплетирана со доставени елаборати, врз основа на кои за 2.018 предмети е изработена урбанистичка согласност со пресметка за плаќање на такса за легализација, а 27 се одбиени.

Традиционална крводарителска акција на вработените во општина Струмица

Основната организација на Црвениот Крст при општина Струмица во соработка со Црвениот Крст на Струмица и Заводот за трансфузиона медицина на 15 јануари (четврток) ја организира 16-та по ред крводарителска акција. Оваа крводарителска акција е традиционална и се реализира по повод новогодишно – божиќните празници. Во акцијата ќе учествуваат вработените во општината и Територијалната професионална противпожарна единица и членови на Советот, а се покануваат и сите граѓани на општината и пошироко да дадат свој придонес во спасувањето на нечиј живот. Акцијата ќе се одржи во просториите на Заводот за трансфузиона медицина од 8 до 14 часот.

Општина Струмица дел од проектот „Зајакнување на локалните донесувачи на одлуки во југоисточна Европа“

Општина Струмица е вклучена во реализацијата на проектот „Зајакнување на локалните донесувачи на одлуки во југоисточна Европа“ што го спроведуваат ЗЕЛС, мрежата на асоцијации на локални власти на југоисточна Европа (НАЛАС) и германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ).

Годинашната главна карневалска вечер ќе се одржи на 21 февруари




Струмица се подготвува за овогодинешното издание на карневалот кое ќе се одржи од 18 до 25 февруари. Карневалските празнувања ќе почнат со детскиот маскенбал на 18-ти февруари, ќе продолжат на 19-ти со објавувањето на резултатите од конкурсот за најдобри остварувања на тема карневал, изложба на фотографии од карневалот 2014 и традиционалниот концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“. Свеченото отворање ќе се одржи на 20-ти февруари со традиционалниот маскенбал на кој ќе бидат избрани принцот и принцезата на карневалот, а на 21-ви е главната интернационална карневалска вечер.Програма за карневалот 2015 година

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544