Вести - Јануари 2015

И денеска се штрајкува во основните и средните училишта

Штрајкот кој што го организира СОНК продолжи и денеска во општинските основни и средни училишта, детската градинка и библиотеката „Благој Јанков Мучето“. Вработените дојдоа на работните места, но не ги извршуваа своите работни задачи. Штрајкот се одржува според упатствата на СОНК, а општина Струмица постапува согласно своите надлежности и законски обврски.

И денеска продолжи штрајкот во основните и средните училишта

Штрајкот на наставниот кадар во општинските основни и средни училишта продолжи и денеска. Наставниците и професорите доаѓаат на своите работни места, но не ги извршуваат работните задачи. Тие како и во изминатите два дена ги прифаќаат децата кои доаѓаат во училиштата, а исто така се постапува и во сите клонови на градинката „Детска радост“. И денеска штрајкот продолжи во библиотеката „Благој Јанков Мучето“.Надлежните служби од општина Струмица ја следат состојбата во сите општински основни и средни училишта и ги преземаат сите мерки околу обезбедувањето соодветни услови за престој на учениците и наставниот кадар.

Нови прозорци во училиштето во Вељуса

Во општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во населеното место Вељуса, зимскиот распуст беше искористен за подобрување на условите за изведување на образовно – воспитниот процес. Во рамките на овие зафати, дотраената дрвена столарија на предната страна на спортската сала беше заменета со нови ПВЦ прозорци. И пред почетокот на новата учебна година во ова основно училиште беа изведени неколку активности, во дел од просториите беше поставен нов под, беа заменети дел од старите врати, а пред влезот на училиштето беа поставени нови бехатон плочки. Со овие зафати учениците и наставниот кадар добија подобри услови за изведување на  наставата.

Нови тротоари на патот кон Градско Балдовци

Деновиве се работи на поставување на нови тротоари на левата страна од патот кон Градско Балдовци, односно, на потегот од улицата „Климент Охридски“ до мостот пред ова населено место.  Тротоарот е широк два метра, а вкупната површина на која се поставуваат новите бехатон плочки изнесува 570 метри квадратни. Покрај новите плочки се поставуваат и нови рабници на тротоарот. Со овој градежен зафат  кој што го реализира општина Струмица ќе се зголеми безбедноста на пешаците на оваа делница.

Одбележана 72-годишнината од убиството на првоборецот Герас Цунев

Денеска се навршуваат 72 години од убиството на првоборецот Герас Цунев. По тој повод, пред спомен бистата во малиот градски парк се одржа пригодна свеченост. За животот и делото на првоборецот зборуваше Трајче Мицев, претседател на општинскиот одбор на СБМ од НОАВМ, а од името на општина Струмица свежо цвеќе пред спомен бистата положи Јосиф Христов, претседател на Советот. Свеченоста заврши со рецитал во изведба на членовите на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“.

Продолжува штрајкот на наставниците во општинските основни и средни училишта

Денеска продолжи штрајкот на наставниците во општинските основни и средни училишта. И на вториот ден од штрајкот вработените се на работните места, но не ги извршуваат работните задачи. Општина Струмица ги обезбеди сите услови за изведување настава, а  учениците кои пристигнаа во училиштата беа прифатени. Штрајкот продолжи и во градинката „Детска радост“ и таму децата кои денеска беа донесени се прифатени од вработените, а штрајкот го поддржуваат и вработените во библиотеката „Благој Јанков Мучето“.

ЈАВЕН ПОВИК

До спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица во рамките на програмата за спорт (L0) од Буџетот на Општина Струмица за 2015 година.

ПРИЈАВА

ОГЛАС

О   Г   Л   А   С

за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови во

општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето

на општина Струмица за 2015 година


повеке...

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544