Поради несаниран трап од 250 метри се предизвикуваат непроценливи штети од поплавите во Муртино

Жителите на населеното место Муртино, синоќа, самоиницијативно се собраа за да најдат решение со кое ќе се спасат од поплавите. Овој собир, како што истакнаа, биле принудени да го одржат поради игнорантскиот однос на државните органи кон нивното барање за санирање на трап во должина од 250 метри на главниот моноспитовски канал.

Тие посочија дека токму овој дел од каналот е главниот проблем за поплавите во селото и обработливите земјоделски површини во неговиот атар. Пред 1,5 година испратиле барање до „Струмичко поле“ за санирање на трапот, но оттаму воопшто не реагирале, истото го направиле и пред два дена, но одговор не добиле. Поради ова, заеднички одлучија да соберат пари и да ангажираат механизација за санирање на трапот. Иако, овој канал е во надлежност на државата, во интерес на жителите на ова Муртино, општина Струмица ќе се вклучи во реализацијата на оваа иницијатива и своите ресурси ќе ги стави целосно на располагање за да се спасат ова населено место од нови поплави. 


© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544