Во општинските основни и средни училишта и денеска продолжи штрајкот кој што го организира СОНК. Како и во минатата недела, наставниците дојдоа на своите работни места, но не ги извршуваа работните задачи. Штрајкот кој се одржува според упатствата на СОНК продолжи и во градинката „Детска радост“ и во библиотеката „Благој Јанков Мучето“.