Вести - Јануари 2015

Општина Струмица сама ќе се справува со евентуалните поплави

Од денеска, општина Струмица сама ќе се заштитува и спасува од евентуалните поплави, така одлучи Општинскиот штаб за заштита и спасување откако утврди дека Дирекцијата за заштита и спасување  и Центарот за управување со кризи не преземаат целосни мерки за заштита од поплавите. На денешната прес конференција, командантот на Општинскиот штаб за заштита и спасување, Кирил Парталов, истакна дека по наредба на градоначалникот Зоран Заев, во функција е ставена целокупната механизација и преземени сe повеќе активности за заштита на критичните места од можни поплави.

Струмица се подготвува за карневалот кој ќе се одржи од 18 до 25 февруари

Главната интернационална карневалска вечер ќе се одржи на 21 февруари, а организациониот одбор на карневалот интензивно работи за да им понуди на домашните и странските посетители уште едно прекрасно и неаборавно карневалско доживување. Александар Цицимов, претседател на организациониот одбор на денешната прес конференција информираше за програмата на карневалот, за интересот на карневалските групи, за тековните активности и проблемите со кои се соочуваат.

Општина Струмица ги презема сите мерки за заштита од нови поплави

Членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска одржаа координативен состанок во просториите на општина Струмица, а на кој присуствуваа и претседателите на месните заедници од населените места Муртино, Сачево, Дабиле и Просениково. На состанокот се разгледуваше состојбата по поплавите, а се утврдија и мерките кои ќе се преземат во наредните денови за да се спречат евентуални поплави по најавите за нови врнежи од дожд.

Министерството за култура не успеа да ги препознае вредностите на струмичкиот карневал и не го поддржува

Струмичкиот карневал, манифестација со вековна традиција и со најголем број учесници и посетители во Република Македонија, како да не постои за министерството за култура. Ова министерство ја одби пријавата на општина Струмица за проектот меѓународен струмички карневал 2015 доставена на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на музичка и музичко – сценска дејност за 2015 година. Нема конкретно образложение зошто се одбива пријавата на општина Струмица,

Општина Струмица ќе го решава проблемот со бездомните кучиња

Општина Струмица ќе го решава проблемот со бездомните кучиња, откако на вчерашната седница на Советот беше усвоена предлог – програмата. Оваа програма ќе се реализира согласно Законот за заштита и благосостојба на животните.Општината е надлежна да врши собирање на бездомните кучиња, односно нерегистрирани кучиња и регистрирани кучиња, доколку се затекнат на јавни површини без присуство на сопственикот и привремено да ги сместат во соодветни објекти - прифатилишта. Во овие објекти треба да се обезбеди елементарна заштита на животните од непогодни временски услови и да се обезбеди нивно ефикасно затворање. Заловувањето на бездомните кучиња ќе се врши од страна на квалификувани лица на начин кој нема да предизвика непотребна болка или страдање.

Се одржа 23-та седница на Советот на општина Струмица

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 23-седница на која беа усвоени повеќе предлог програми, извештаи и одлуки, меѓу кои,  предлог – програмата за работа на Советот во 2015 година, предлог – планот за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта, извештајот за минатата година и програмата за подготовка и реализација на струмичкиот карневал за 2015 година.

За три дена доставени се околу 400 барања за проценка на штетите oд поплавите

Во изминатите три дена по поплавите доставени се околу 400 барања за проценка на штетите од страна на жителите на населените места Просениково, Сачево, Дабиле и Муртино. Во наредните денови членовите на општинската комисија ќе излезат на терен и  ќе ја започнат проценката на штетите од поплавите. Според Кирил Парталов, секретар на општина Струмица, во наредните денови, а доколку дозволат временските услови, ќе се работи и на санирање на коритата на реките и каналите кои извршија поплавување на овој терен.

Поради несаниран трап од 250 метри се предизвикуваат непроценливи штети од поплавите во Муртино

Жителите на населеното место Муртино, синоќа, самоиницијативно се собраа за да најдат решение со кое ќе се спасат од поплавите. Овој собир, како што истакнаа, биле принудени да го одржат поради игнорантскиот однос на државните органи кон нивното барање за санирање на трап во должина од 250 метри на главниот моноспитовски канал.

Страница 1 од 6

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544