Вести - Октомври 2016

Градоначалникот Заев:Со промените во образованието ќе понудиме вистинско учење наместо трка по оценки и тестирање

Со громогласен аплауз првачињата од основните општински училишта го поздравија градоначалникот Зоран Заев, денеска, во центарот за култура „Антон Панов“ на нивниот прием во Детската организација. Заедно го споделија овој прекрасен момент упатувајќи си искрени ветувања, првачињата дека ќе бидат вредни ученици, а Градоначалникот дека тој и општина Струмица како и досега вистински ќе се грижат за условите во кои ќе се одвива нивниот воспитно – образовен процес. Тој во своето обраќање потенцираше дека ќе се залага за промени во образованието кои ќе значат вистинско учење и знаење на децата, наместо трка по оценки и тестирање, тоа, рече тој, е образование кое креира знаење, љубов кон учењето, вештини и учење за животот.

Општина Струмица е генерален покровител на 37-то меѓународно рели на теренски возила

Општина Струмица и годинава е генерален покровител на 37-то меѓународно рели и рели крос со теренски возила и автомобили Струмица 2016. Релито ќе се одржи на 08.10.2016 година (сабота) со почеток во 13 часот на патеката во реката Тркања на влезот во Струмица од кај Валандово. И годинава се очекува да учествуваат учесници од повеќе земји. Ова 37-мо меѓународно рели на теренски возила и автомобили ќе биде меморијално, посветено на Димитрије Пеливанов кој беше долгогодишен претседател на организациониот одбор на релито.


Драган Гоцев донираше трамболина за учениците со аутизам во ООУ „Сандо Масев“

Паралелките за образование на ученици со посебни образовни потреби – аутизам при основното општинско училиште „Сандо Масев“ од вчера се побогати со уште еден реквизит кој има голема улога во сензорната интеграција на овие ученици.

Започна одбележувањето на Детската недела

Домот за деца и млади „Благој Мучето“, како институција чија што главна мисија се децата и младите, нивниот развој и креативна улога во општеството, со повеќе активности ќе ја одбележи Детската недела која што оваа година се одржува под мотото „И децата се прашуваат“.

Денеска се асфалтираше во населеното место Свидовица

Продолжуваат градежните активности на општина Струмица во населените места. Денеска се асфалтираше во Свидовица, а за истиот зафат се вршат подготовки во населеното место Банско.Согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2016 година, во измината недела се асфалтираше во населените места Дабиле, Муртино и Сачево. Овие зафати се финансираат со средства од буџетот на општина Струмица.


„ПОРАКА“ и ООУ „Видое Подгорец“ со заедничка работилница „Есенска подготовка на зимница“

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ од Струмица во просториите на Социјалниот клуб, а во соработка со учениците од основното општинско училиште „Видое Подгорец“ одржа работилница под наслов „Есенска подготовка на зимница“.

„КУЛТ –ТРАНЗЕН“ со изложба и монографија за пет струмички уметници со поддршка од општина Струмица

Во организација на здружението за култура и развој на креативни индустрии „КУЛТ-ТРАНЗЕН“ во галеријата на Завод и Музеј – Струмица отворена е изложба, а се промовираше и монографија на пет струмички уметници, Василка Христова, Атанас Мучев, Стојан Пачов, Момчило Петровски-Момо и Стојчо Гоцков.

Претставници на општина Струмица на работилница за Стратегијата за култура

Во рамките на проектот „Граѓанско учество во локалната демократија“ во Охрид се одржа третата работилница „Развој на акционен план“ на која учествуваа претставници од општина Струмица. Потенцијалите за Јавно-јавно и Јавно-приватно партнерство за развој и понуда на културни содржини на локално и регионално ниво и како да се создадат услови на локално ниво за секој да може да искуси култура, да учествува во културните програми и да ги развие своите креативни потенцијали, беа само дел од темите на оваа работилница.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544