Вести - Октомври 2016

Јавните површини во градот се разубавуваат со зимско цвеќе

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, деновиве, ги разубавува јавните површини во градот заменувајќи го летното со зимско цвеќе. Според информациите од Ленче Гудева, раководител на единицата „Зеленило“, се засадуваат 2.500 хризантеми на површините на кружните текови, околу палмите на булеварот „Маршал Тито“, во жардинериите на плоштадот и на делови од парковите површини. На сите останати јавни цветни површини во градот, планирано е да се засадат уште десет илјади разнобојни темјанушки со што ќе се заокружи есенското разубавување на градот.


Реакција на прес конференцијата која што денеска ја одржа Васил Пишев

Пратеникот Васил Пишев денес одржа прес конференција, и остана жив. Обидувајќи се да ја изманипулира македонската јавност по теркот што го практикува ВМРО ДПМНЕ, тој повторно покажа дека е скаран со вистината и реалноста.А вистината вели дека проектот „Мултифункционален пазар“ во Струмица сеуште чека на своја реализација.

„Паркиралишта – Струмица“ со трета донација во градинката „Детска радост“

Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“, денеска, на последниот ден од одбележувањето на Детската недела, уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност донирајќи помош во градинката „Детска радост“ Клон 1. Според Верица Узунова, директор на претпријатието, оваа донација е трета по ред, а ќе продолжи и во останатите клонови на градинката.

Избрани 20-те најдобри бизнис идеи од проектот Струмица Старт ап

Почитувани, би сакале да ве информираме дека заврши првиот дел, односно образовните обуки од спроведувањето на едукативните обуки за млади како дел од проектот Поддршка на старт ап бизнис за млади поддржан од Општина Струмица и ФООМ.Повеќе од четириесет млади претприемачи аплицираа со одлични бизнис идеи, од кои следниве дваесет беа избрани како најдобри кои ќе влезат во вториот круг од четиридневните тематските обуки каде ќе имаат можност својата бизнис идеја да ја преточат во бизнис план:

Општина Струмица дел од кампањата „Детските права, во свет без предрасуди“

Како голем поддржувач и промотор на детските права, општина Струмица се вклучи во кампањата „Детските права, во свет без предрасуди“. На плоштадот „Гоце Делчев“, денеска, се одржа културно – забавен настан на кој учествуваа ученици од второ одделение од повеќе училишта во Општината, на кој преку игра и забава се промовираа детските права и интеркултурната комуникација.

Општина Струмица и Ватерло Хастингс Лимитед потпишаа Меморандум за разбирање во областа на депонирање на цврст отпад

Општина Струмица и фирмата Ватерло Хастингс Лимитед од Обединетото Кралство почнаа постапка за соработка во областа на депонирање на цврст отпад. Градоначалникот Зоран Заев и директорот Филип де Бурегард, денеска, потпишаа Меморандум за разбирање кој ги содржи условите и критериумите за разбирање помеѓу општина Струмица и Ватерло Хастингс Лимитед за соработка во областа на депонирање на цврст отпад.

Се санираат искршените играчки во детските паркови

Откако во изминатиот период во некои од детските паркови беа направени штети на играчките, општина Струмица од денеска во акција за санирање на штетите, а со цел зголемување на безбедноста на децата во нивните омилени катчиња за игра. Екипа на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска работеше во големиот градски парк, на дел од играчките штетите се санираа и тие повторно се во функција, на други се извадија делови поради нивната нефункционалност, а дел од нив и се бојадисуваа.

Градоначалникот Заев организираше прием за првачињата

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска организираше прием за дел од првачињата од основните општински училишта. Овој прием е традиционален и во кабинетот на Градоначалникот се одржува по приемот на првачињата во Детската организација.Приемот помина во пријатна и опуштена атмосфера во која првачињата и Градоначалникот разговараа за почетокот на учебната година, за тоа колку и што научија, за домашните миленичиња и слободното време. Исто така, со голема радост првачињата ги рецитираа научените песнички, а градоначалникот Заев им посака успех во учењето и среќно и весело детство.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544