Вести - Октомври 2016

Наградени осум кандидати во проектот „Поддршка на старт ап бизниси за млади“

Согласно бодовите по финалниот извештај за проектот за организирање и спроведување на едукативни обуки за млади за реализација на проектот „Поддршка на старт ап бизниси за млади“ во општина Струмица за 2016 година, 

Започна санирањето на ударните дупки во Добрејци

И денеска продолжи санирањето на ударните дупки на улиците. Овој градежен зафат целосно заврши на улицата „11 Октомври“ во градот и согласно Програмата за улици и патишта на општина Струмица за 2016 година продолжи во населеното место Добрејци.Во изминатиот период се интервенираше на вкупно 42 улици во градот и на улици во населените места Куклиш и Градско Балдовци, а освен во Добрејци ќе се работи и во населените места Вељуса, Просениково и Банско. Овој градежен зафат се реализира со средства од општинскиот буџет.

Се тампонира локалниот пат од Муртино до Еднокуќево

Започна тампонирањето на локалниот пат  од Муртино до Еднокуќево кој ја поврзува општина Струмица со општина Босилово. Според Панче Беџовски, советник за план и анализа во Одделението за локален економски развој на општина Струмица, со овој градежен зафат се потврдуваат напорите на градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица за подобрување на животот на граѓаните на целата територија на општина Струмица и меѓуопштинско поврзување.

Претставник на општина Струмица на работилница за дефинирање на критериумите за активности од интегрирано образование

Овластениот просветен инспектор, Зоран Узунов, е претставник на општина Струмица на работилницата на која беа разгледани концептот на мали грантови и беа презентирани активностите од проектот на ОБСЕ „Градиме мостови“ и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Општина Струмица и Центарот на заедницата организираат граѓански проектен форум

Центарот на заедницата на општина Струмица во соработка со Општина Струмица и оваа година организираат граѓански проектен форум. Граѓанскиот форум ќе се одржи на 21.10.2016 (петок) со почеток во 18.00 часот во Дом на АРМ (голема сала), Струмица. 

Претставници на општина Струмица на обука за буџетска транспарентност и отчетност

Струмица е на врвот меѓу општините во Република Македонија по својата транспарентност и отчетност, потврдено во поголем број истражувања спроведени од повеќе институции и организации.

Привршува санирањето на ударните дупки на улиците во градот и населените места

Со денешните интервенции на уште две улици, завршува планираното санирање на ударните дупки на улиците во градот и во населените места. Во изминатиот период се интервенираше на вкупно 42 улици во градот и на улици во населените места Куклиш и Градско Балдовци, а ќе се работи и на улиците во Вељуса, Добрејци, Просениково и Банско.

Претставник на општина Струмица на студиска посета во Холандија по нови искуства за заштита од дискриминација

Координаторот за еднакви можности на мажите и жените во општина Струмица, Нела Масалковска, беше на студиска посета во Утрехт, Холандија. Студиската посета беше реализирана во рамките на проектот на асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Хера, „Заштита од дискриминација, со фокус на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет на локално ниво".

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544