Градоначалникот Заев: Портите на Струмица секогаш ќе бидат ширум отворени за италијанскиот јазик и култура
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Карло Ромео, вечерва во домот на АРМ во Струмица присуствуваа на манифестацијата по повод одбележувањето на Неделата на италијанскиот јазик и култура. Во своето обраќање, градоначалникот Заев потенцираше дека задоволство е повторно, по кој знае кој пат, да се биде град домаќин на Неделата на италијанскиот јазик и култура и порача понатамошно негување и продлабочување на соработката помеѓу општина Струмица и амбасадата на Република Италија во нашата земја, која и во иднина би резултирала со корисни проекти, на взаемно задоволство.