Реакција на секретарот на општина Струмица, Кирил Парталов, на прес конференцијата на Васил Пишев

Почитувани,

 Никола Груевски никако не може да ја преболи состојбата во која се наоѓа, откако беше разобличено неговото криминално владеење, а Васил Пишев никако не може да го преболи поразот од Зоран Заев на последните локални избори. 

Затоа и едниот и другиот се приморани да лажат и манипулираат. Денес Васил Пишев уште еднаш јавно докажа дека не знае да чита документи и дека е изгубен во времето и просторот при нивното толкување. Не е точно дека поранешната струмичка касарна е предадена во управување на Општина Струмица. Да беше Пишев во право, ќе го аргументираше своето тврдење, покажувајќи документ од Министерството за одбрана. Го повикувам јавно Васил Пишев да покаже документ пред целата јавност, со кој касарната е предадена на Општина Струмица, документ кој го имаат останатите девет општини во државата. Значи, касарната со сето свое земјиште и објекти не се предадени на Општината. Пишев изнесува ноторна лага. Земјиштето во касарната е во државна сопственост и за дел од него е донесен Детален урбанистички план, врз основа на Планска програма, и тоа по налог на Министерството за транспорт и врски и министерот Миле Јанакиевски. Со истиот ДУП, а според планската програма на Министерството, тоа земјиште е наменето за продажба за комерцијални станбено-деловни објекти. Тоа значи дека Пишев, тропајќи на погрешна врата, уште еднаш прави безуспешен обид да ја манипулира јавноста. Срамота е еден доскорашен пратеник да не знае основни работи.









© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544