Се опремуваат паркинг места за велосипеди во градот

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“, деновиве, работи на опремување на паркинг места за велосипеди во градот. Од планираните пет локации на кои ќе бидат монтирани вкупно 31 рамка за 62 велосипеда за паркирање на отворено, четири се веќе завршени.

 Овој проект се реализира на иницијатива на Координативното тело формирано од градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Здружението на велосипедисти во Струмица „ВК АКТИВ“, кои во соработка со стручните служби од таа област заеднички ги определија локациите за паркинзите.Граѓаните своите велосипеди ќе можат да ги паркираат на следните локации: на плоштадот „Гоце Делчев“ и тоа под видео-бимот и скалите на СОУ „Јане Сандански“, спроти зградата на Фондот за здравствено и пензиско осигурување, на преминот под зградата на Катастарот и Урбанизмот, пред некогашната „Газела“ и спроти споменикот на булеварот „Маршал Тито“.Предлог одлука и елаборатот за издавање на одобрение за користење на јавна површина за паркинзи за велосипеди беа одобрени од Советот на општина Струмица.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544