Денеска се асфалтираше во Вељуса

Во рамките на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2016 година на општина Струмица, денеска, се асфалтираше улица во населеното место Вељуса. Според планираните активности, Габрово е следното населено место каде што ќе се асфалтира. Таму веќе се во тек подготвителните активности за овој градежен зафат кој ќе се реализира во наредните денови.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544