Вести - Август 2016

Промените заедно ќе ги дочекаме уште оваа учебна година!


           


СОУ ,,Димитар Влахов“ co континуирана грижа за современ развој

 Едно од струмичките училишта кое доживува вистинска експанзија во својот развој без сомнение е СОУ ,,Димитар Влахов”. Според изјавата на директорот на училиштето Димитар Ѓорѓев, во последните неколку години се реализирани повеќе крупни зафати , кои значително го осовременија амбиентот во училиштето.

Извршени повеќе зафати во ООУ „Герас Цунев“ Просениково

Во текот на летниот период, во ООУ „Герас Цунев“ Просениково, реализирани се повеќе активности за подобрување на условите за работа на учениците и наставниците. Според информациите од директорот на училиштето,

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат родителите на првоодделенците дека приемот на децата во прво одделение започнува на 1 Септември во 8.30 часот во училишните дворови на општинските училишта. Распределувањето по одделенија трае од 8.30 до 9 часот. Од 9 часот започнува првиот час за првоодделенците, а во 10 часот започнува свеченоста за првоодделенците пред Домот на АРМ. 

ООУ „Маршал Тито“ Муртино подготвено ја дочекува новата учебна година

Пред стартот на новата учебна година, во ООУ „Маршал Тито“ Муртино се е подготвено за прием на учениците и отпочнување на воспитно-образовниот процес. Во текот на летниот распуст, во ова училиште се реализирани повеќе активности,

ЈАВЕН ПОВИК

Knowledge Center за потребите на Општина Струмица во партнерска соработка со Фондацијата Отворено Општество - Македонија, како дел од локалната Стратегијата за млади 2015-2020 на општина Струмица,  со Акциски план за млади 2015-2017 година, во рамките на проектот „Поддршка на старт ап бизниси за млади објавува :


ЈАВЕН ПОВИК

за 

пријавување на кандидати за учество на едукативни обуки за млади

за реализација на проектот „Поддршка на старт ап бизниси за млади

Претставници од општина Струмица на работилница во Крушево

Во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија се одржува втората работилница на тема „Развој на стратешка рамка” од 30 август до 1 септември 2016 година во хотелот Монтана Палас во Крушево. На работилницата учествуваат институциите од областа на културата,општинските администрации претставници на граѓанските организации и Советите на општините: Струмица, Струга и Центар.

Се менува покривната конструкција на училишната зграда во Дабиле

Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Дабиле извршени се неколку подготвителни активности за успешен старт на новата учебна година. Според изјавата на директорот на ова училиште, Зоран Христовски, реализирани се активности на генерално чистење на сите училници и простории во училишната зграда, извршено е обелување на ѕидовите на училниците и ходниците, како и дезинфекција, дезинсекција и дератизација на училниците и другите училишни простории.

Страница 1 од 8

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544