Вести - Октомври 2006

2006-10-4

21.10.2006 | Редизајниран веб сајтот на Општина Струмица. Новиот веб сајт, кој на граѓаните им беше претставен во склоп на караванот Македонија Сурфа, ги содржи сите информации во врска со Општина Струмица, информации за работењето на Градоначалникот, Советот на општината, актуелните настани во градот итн. Со цел понатамошен развој и постојано надоградување на овој веб сајт, Вашите мислења, предлози, забелешки во врска со овој сајт испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

2006-10-3

16.10.2006 | Соопштение од Градоначалникот на општина Струмица во врска со промотивниот караван "Македонија сурфа" на USAID.
На ден 21.10.2006 (сабота) промотивниот караван "Македонија сурфа" ке престојува во Струмица. Целта на "Македонија сурфа" е промоција на прогресот на Македонија во користењето на информатичко комуникациската технологија. За време на караванот:

• Општина Струмица на присутните ќе им ги претстави on - line услугите кои граѓаните можат да ги користат.
• Ке бидат демонстрирани некои од услугите на информатичко комуникациската технологија кои се примарно наменети за граѓаните, како што е е-Банкарството.
• Дистрибутери на компјутери и комјутерска опрема ке им понудат на поситителите на караванот посебни цени за нивна набавка.
• Компјутери поврзани на интернет ќе бидат достапни на посетителите и со помош на инструктори посетителите ќе можат да сурфаат на интернет, како и да се информираат за тоа како да отворат своја електронска адреса (e-mail) и сл.
• Во склоп на овој настан на две организации од Струмица ќе им бидат донирани компјутери
Затоа на 21 Октомври во сабота во периодот од 12:00 до 16:00 часот посетете го градскиот плоштад и бидете дел од настанот.

2006-10-2

09.10.2006 | Проектот WEB страница на Струмичкото стопанство, кој беше аплициран до ГТЗ РЕДЕМ и официјално е одобрен. Проектот на одделението за Локален економски развој при Општина Струмица предвидува изработка на заедничка web страна за сите производни фирми со цел истите да можат заеднички и со намалени трошоци да ги презентираат своите производи на глобалната мрежа. Преку превземените активности Општина Струмица ќе ги поттикне на стопанските субјекти да се развиваат во согласност со правците кон кои тежнеат сите развиени економии.

2006-10-1

06.10.2006 | Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев ги предаде во употреба реновираните простории на Дисперзираните студии во градинарско - цвеќарската насока при Факултетот за земјоделски науки и храна сместени во Домот на АРМ. Со општински средства од околу 700.000 денари, реконструирани се 430 м2 во кој се сместени две предавални со капацитет од вкупно 100 седишта, три лабаратории неопходни за практично изведување на наставата, простор за престој на професорите и соодветен санитарен јазол. Во таа прилика Градоначалникот им посака пријатна и удобна работа на студентите во новите простории со надеж дека стекнатите знаења ќе умеат и практично да ги покажат преку хортикултурното уредување на надворешниот дел од зградата, вклопувајки ја истата во убавиот амбиент на струмичкиот градски парк

Страница 2 од 2

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544