Продолжува соработката помеѓу Општина Струмица и Руската амбасада
Во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија , Општина Струмица и Кинотека на Македонија синоќа во НУЦК „Антон Панов“ започна тридневната Ревија на руски воени филмови во рамките на одбележувањето на 75-годишнината од почетокот на Големата татковинска војна. По поздравното обраќање на претседателот на Советот на општина Струмица Јосиф Христов и на претставникот на Руската Амбасада Станислав Лупин, љубителите на филмската уметност имаа можност да го проследат рускиот воен филм „Белиот тигар“.