Вести - Јуни 2016

Во сабота ќе се спроведе авионско прскање против комарци

Општина Струмица ја информира јавноста дека на ден 11.06.2016 г. ( сабота ), од 07.00 до 09.00 часот ќе се спроведе авионско прскање против комарци на територијата на градот .Границата на третирање започнува на северозапад од Гробиштата во правец на Софилар до селото Добрејци (северна индустриска зона), продолжува североисточно од 

Локалниот економско социјален совет на Струмица го доби престижното признание од УСАИД

Локалниот економско социјален совет на Струмица (ЛЕСС) го доби престижното признание од УСАИД - плакета за особена поддршка на социјалниот дијалог, иновативност и постигнати резултати во периодот 2013-2016 година.


Во СОУ „Јане Сандански“ отворена е видео – конференциска сала

Во средното општинско училиште „Јане Сандански“, денеска, беше отворена сала за видео – конференција, а во рамките на проектот Е-учење во далечина. На ова модернизирање на наставниот процес присуствуваше и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и претставници на Општината.

Се врши дополнително хортикултурно уредување во централното градско подрачје

Во рамките на пролетните активности во јавното зеленило во градот, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ врши дополнување на одредени хортикултурни површини. На дел од нив планираното дополнување е завршено, а на останатите е во тек.

Ученикот Мартин Динев од СОУ „Никола Карев“ освои златен медал на јуниорската математичка оломпијада

Во просториите на ФОН универзитетот во Скопје се одржа 19-та по ред јуниорска математича олимпијада, на која учествуваше Мартин Динев ученик во прва година во средното општинско училиште „Никола Карев“, а под менторство на професорката по математика, Гонце Ивановска. На оваа олимпијада, Динев постигна најдобар резултат и го освои златниот медал, со што обезбеди учество на балканската математичка олимпијада која што ќе се одржи кон крајот на месец јуни во Романија.

Повик за учесници на обукa за млади од руралните средини на тема: „Проектен циклус и изработка на проектна апликација“

Центарот на заедницата на општина Струмица, во рамките на концептот „Општина по мерка на граѓаните“ имплементиран од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со Општина Струмица, објавува повик за млади од руралните средини на тема:  „Проектен циклус и изработка на проектна апликација“.

Ќе се спроведе авионско прскање против комарци на територијата на општина Струмица

Општина Струмица ги известува граѓаните дека ќе се спроведе авионско прскање против комарци. Првото прскање е планирано на 11.06.2016 година во раните утрински часови, односно, во периодот од 4,30 до 9,30 часот. Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото, ќе се спроведе на 12.06.2016 година во истиот временски период.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно, да ги затворат истите во најавениот временски период.

Ученици од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица во посета на Општина Струмица

Во рамките на наставните содржини кои се предвидени во наставната програма по предметот Општество, за учениците од четврто одделение од ООУ „Маршал Тито“-Струмица, кои наставата ја следат на турски наставен јазик, се одржа теренска настава со планирани активности и методи за посета на Советот на општината и административната зграда на општина Струмица.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544