„Струмица – Гас“ дел од Европската енергетска заедница

Од 22. до 25. јуни во главниот град на Чешка, во седиштето на RWE, се одржа редовната годишна Конференција на Европската енергетска заедница, на која учество зеде и директорот на „Струмица – Гас“, Зоран Китанов. Според зборовите на Китанов, на оваа конференција за прв пат, покрај Украина, учествувала и Македонија, претставувана од „Струмица – Гас“.

Да се присуствува на еден вака значаен собир на дистрибутери на природен гас од цела Европа, за нас претставуваше привилегија, задоволство и голема чест, бидејки искуството што го стекнав од долгогодишната работа на најголемите европски компании од оваа област е од непроценливо значење за мене како директор и за идното работење на „Струмица – Гас“. Мојата презентација на конференцијата привлече големо внимание од присутните, поради специфичноста на нашиот систем кој е единствен во овој регион. Беше договорена соработка со идно учество на „Струмица - Гас“ во европски енергетски проекти“, истакна Китанов.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544