Огласна табла

Јавен повик за сите економски оператори - маркети

Штабот за заштита и спасување на општина Струмица го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК:
Согласно Задолжението на Владата на Република Северена Македонија, се повикуваат сите економски оператори – маркети кои се заинтересирани да ги стават на располагање своите маркети со цел обезбедување на НАЈНЕОПХОДНИТЕ НАМИРНИЦИ И ТОА ИСКЛУЧИВО ПРЕКУ ОНЛАЈН НАРАЧКИ, а согласно приоритетните барања на граѓаните за времетраењето на престојниот викенд 25.04. и 26.04. 2020 година (сабота од 15 часот до 5 часот во понеделник) своите ПРИЈАВИ да ги достават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Рок за достава на пријавата е до 24.04.2020 (петок) до 11 часот.
Во пријавата потребно е да се наведе целосен назив на фирмата. Економскиот оператор потребно е лицето кое ќе ја врши доставата да го најави во Секторот за внатрешни работи Струмица, со цел непречено да ја врши доставата за време на забраната за движење.
Старите и изнемоштени лица да ги користат телефонските броеви на волонтерите на општина Струмица (071 345 901, 075 271 710) со што мобилните екипи ќе им излезат во пресрет за нивна помош во пазарување на основни намирници и лекови, како и плаќање на сметки.

Известување за неевидентираните земјоделци

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од празничниот викенд (17-21.04.2020 година), телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење, каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.
Потребата за движење неевидентираните земјоделци треба да ја најават во Кризните штабови, еден ден однапред најдоцна до 20 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности. Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, Станица, ОВР, СВР). На овој начин на неевидентираните земјоделци ќе им се овозвожи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековни земјоделски активности.
Телефон за контакт во Општинскиот штаб за заштита и спасување Струмица: 034 336 120

Јавен повик до сите економски оператори - маркети

Штабот за заштита и спасување на општина Струмица го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК:
Согласно Задолжението на Владата на Република Северена Македонија, се повикуваат сите економски оператори – маркети кои се заинтересирани да ги стават на располагање своите маркети со цел обезбедување на НАЈНЕОПХОДНИТЕ НАМИРНИЦИ согласно приоритетните барања на граѓаните за времетраењето на престојниот празничен викенд 18.04. 19.04. и 20.04. 2020 година (сабота , недела и понеделник) своите ПРИЈАВИ да ги достават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Рок за достава на пријавата е до 16.04.2020 (четврток) до 10 часот.
Во пријавата потребно е да се наведе целосен назив на фирмата. Економскиот оператор потребно е лицето кое ќе ја врши доставата да го најави во Секторот за внатрешни работи Струмица, со цел непречено да ја врши доставата за време на забраната за движење.
Старите и изнемоштени лица да ги користат телефонските броеви на волонтерите на општина Струмица (071 345 901, 075 271 710) со што мобилните екипи ќе им излезат во пресрет за нивна помош во пазарување на основни намирници и лекови, како и плаќање на сметки.

Известување

Согласно заклучокот на Главниот координативен кризен штаб донесен на 10.04.2020 година, Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување при општина Струмица, не смее да издава дозволи за движење на лица за време на забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.Заинтересираните субјекти своите барања да ги достават до надлежните државни институции, односно до министерството за внатрешни работи и министерството за информатичко општество и администрација.

Известување

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија, а по предлог од Министерството за здравство кои се однесуваат за превентива и заштита од вирусот Ковид 19 (Корона вирус), објавени на ден 12.03.2020 година, работата со граѓаните кои имаат потреба од документи, достава на барања, Решенија за платен данок и други списи кои ги издава администрацијата на Општина Струмица, да БИДЕ СВЕДЕНА НА МИНИМАЛНО НИВО И ДА СЕ РЕШАВААТ САМО ИТНИТЕ И НЕОДЛОЖНИ БАРАЊА

Се препорачува на граѓаните, за секој проблем кој го имаат, а за кој е надлежна Општина Струмица, да ги користат контактите по електронски пат и тоа преку веб страницата на Општина Струмица – www.strumica.gov.mk.

Е - контакти со општината и телефонски броеви на раководители - линк

На истата веб страница се истакнати телефонски броеви на сите служби, како и електронска пошта, со цел побрза комуникација, а во исто време почитување на препораките од страна на Влада на Република Северна Македонија, кои се во насока на спречување на ширење на вирусот Ковид 19.

Општина Струмица

Градоначалник, Коста Јаневски

Оглас за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови во општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица за 2020 година

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 8 од Законот за превоз во патниот сообраќај (“Службен весник на РМ“ број 68/2004, 127/2006, 114/2009, 83/2010, 140/2010, 17/2011, 53/2011,.06/2012, 23/2013, 120/2013, 163/2013, 187/2013, 42/2014, 112/2014, 166/2014, 44/2015, 97/2015, 124/2015, 129/2015, 193/2015, 37/2016, 71/2016, 64/18, 140/18, 163/18 и “Службен весник на РСМ“ бр.275/19), а согласно член 1 Одлуката за измена нa Одлуката за општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица бр.08 – 9809/1 од 30.12.2015 година, Одлуката за општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица (“Службен гласник на општина Струмица“број 10/07 година), Градоначалникот на општина Струмица објавува:...
Целосната содржина на огласот може да ја видите на следниов линк.

Одлука за организирање јавна анкета и јавна презентација на АУП за препарцелација на Г.П1, Г.П2, Г.П3, Г.П4, Г.П5 и формирање на нови градежни парцели Г.П1, Г.П2, Г.П3, Г.П4, Г.П5.1, Г.П5.2 и Г.П5.3 К.О Струмица

1. Одлука за организирање јавна анкета и јавна презентација на АУП за препарцелација на Г.П1, Г.П2, Г.П3, Г.П4, Г.П5 и формирање на нови градежни парцели Г.П1, Г.П2, Г.П3, Г.П4, Г.П5.1, Г.П5.2 и Г.П5.3 К.О Струмица. - линк

2. Решение за формирање на Комисија за спроведување на јавна анкета и јавна презентација на АУП за препарцелација на Г.П1, Г.П2, Г.П3, Г.П4, Г.П5 и формирање на нови градежни парцели Г.П1, Г.П2, Г.П3, Г.П4, Г.П5.1, Г.П5.2 и Г.П5.3 К.О Струмица. - линк

3. Соопштение за организирање јавна анкета и јавна презентација на АУП за препарцелација на Г.П1, Г.П2, Г.П3, Г.П4, Г.П5 и формирање на нови градежни парцели Г.П1, Г.П2, Г.П3, Г.П4, Г.П5.1, Г.П5.2 и Г.П5.3 К.О Струмица. - линк

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Целосната содржина на јавниот повик може да ја видите на следниов линк.

Страница 1 од 13

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544