Вести - Февруари 2020

Оглас за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови во општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица за 2020 година

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 8 од Законот за превоз во патниот сообраќај (“Службен весник на РМ“ број 68/2004, 127/2006, 114/2009, 83/2010, 140/2010, 17/2011, 53/2011,.06/2012, 23/2013, 120/2013, 163/2013, 187/2013, 42/2014, 112/2014, 166/2014, 44/2015, 97/2015, 124/2015, 129/2015, 193/2015, 37/2016, 71/2016, 64/18, 140/18, 163/18 и “Службен весник на РСМ“ бр.275/19), а согласно член 1 Одлуката за измена нa Одлуката за општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица бр.08 – 9809/1 од 30.12.2015 година, Одлуката за општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица (“Службен гласник на општина Струмица“број 10/07 година), Градоначалникот на општина Струмица објавува:...
Целосната содржина на огласот може да ја видите на следниов линк.

Се откажуваат сите манифестации на Струмичкиот карневал 2020

Врз основа на Заклучокот на Владата на Република Северна Македонија донесен на денешната седница, а по предлог на Министерството за здравство и Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, се препорачува на организаторите да ги откажат сите јавни собири до 6 март 2020 година. Препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани во овој период, како што се Струмичкиот карневал, Карневалот „Прочка“ во Прилеп“ и сите слични.

Термини за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто – такси возач

Комисија за спроведување на постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто – такси возач 

Ќе се гради новата градинка во поранешната касарна

Започнаа подготвителните активности за изградбата на новата детска градинка во населбата Касарна во Струмица. Објектот ќе се гради на површина од 1.443 метри квадратни со приземје и кат и ќе располага со капацитет за 300 деца.

Членовите на Советот ја одржаа 33-та седница

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 33-та седница на којашто беа донесени повеќе предлог одлуки, програми и решенија. Советниците ги усвоија предлог одлуките за утврдување на приоритет и сопствено учество на Проектите за „Изведба на пристапна улица во село Дабиље“ и „Изработка на инвестиционо техничка документација на ниво на основен проект за 3 проекти во населено место Габрово“, како и предлог одлуката за изработка и спроведување на проект „Мрежа на велосипедски градови“. Се усвоија и одлуката за определување места за истакнување плакати за Предвремените парламентарни избори во 2020 година во општина Струмица, дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2020 година и предлог решението за именување на членови во Општинскиот совет за социјална заштита.

Одлука за организирање јавна анкета и јавна презентација на АУП за препарцелација на Г.П1, Г.П2, Г.П3, Г.П4, Г.П5 и формирање на нови градежни парцели Г.П1, Г.П2, Г.П3, Г.П4, Г.П5.1, Г.П5.2 и Г.П5.3 К.О Струмица

1. Одлука за организирање јавна анкета и јавна презентација на АУП за препарцелација на Г.П1, Г.П2, Г.П3, Г.П4, Г.П5 и формирање на нови градежни парцели Г.П1, Г.П2, Г.П3, Г.П4, Г.П5.1, Г.П5.2 и Г.П5.3 К.О Струмица. - линк

2. Решение за формирање на Комисија за спроведување на јавна анкета и јавна презентација на АУП за препарцелација на Г.П1, Г.П2, Г.П3, Г.П4, Г.П5 и формирање на нови градежни парцели Г.П1, Г.П2, Г.П3, Г.П4, Г.П5.1, Г.П5.2 и Г.П5.3 К.О Струмица. - линк

3. Соопштение за организирање јавна анкета и јавна презентација на АУП за препарцелација на Г.П1, Г.П2, Г.П3, Г.П4, Г.П5 и формирање на нови градежни парцели Г.П1, Г.П2, Г.П3, Г.П4, Г.П5.1, Г.П5.2 и Г.П5.3 К.О Струмица. - линк

Градоначалникот Јаневски и амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј ги посетија „Грозд“ и Единство“

Струмичкото стопанство и неговите можности, беше една од темите на разговорите што градоначалникот Коста Јаневски ги водеше со амбасадорката на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј и нејзините соработници, а во рамките на дводневната посета на општина Струмица. 

Решение  за свикување триесет и третата седница  на  Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица Бр.08 -1311/1 19.02.2020 год. Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Страница 1 од 3

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544