Вести - Јануари 2020

И годинава продолжува еднократната помош за секое новороденче

Општина Струмица и оваа година ќе продолжи со доделување на еднократна парична помош за  секое новороденче на Одделението за гинекологија и акушерство во болницата во Струмица. Еднократната помош изнесува 3.000 денари, а ќе ја добијат полнолетни родилки со постојано место на живеење на територијата на општина Струмица. Предлог одлуката беше усвоена на последната седница на Советот којашто се одржа на 29 јануари. Во минатата година ваква помош им беше доделена на 319 новороденчиња.80808574 3545340038840117 1885018986815422464 n

Струмица ќе добие Европска куќа

Градоначалникот Коста Јаневски и евроамбасадорот Самуел Жбогар во канцеларијата на ЕУ во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање во рамките на програмата „ЕУ за тебе“. Со овој Меморандум е планирано отворање на Европска куќа во Струмица во просториите на поранешната аптека спроти општинската зграда.

Одлука за организирање јавна анкета и јавна презентација на АУП за дел од Блок 15, за промена на граници помеѓу ГП 15.2, ГП 15.3, ГП 15.4, ГП 15.5 во општина Струмица

1. Одлука за организирање јавна анкета и јавна презентација на АУП за дел од блок 15, за промена на граници помеѓу ГП 15.2, ГП 15.3, ГП 15.4, ГП 15.5 во општина Струмица. - линк

2. Решение за формирање на комисија за спроведување на јавна анкета и јавна презентација на АУП за промена на граници помеѓу ГП 15.2, ГП 15.3, ГП 15.4, ГП 15.5 во општина Струмица. - линк

3. Соопштение за организирање јавна анкета и јавна презентација на АУП за промена на граници помеѓу ГП 15.2, ГП 15.3, ГП 15.4, ГП 15.5 во општина Струмица. - линк

Советот на општина Струмица ја одржа 32-ра седница

На денешната 32-ра седница на Советот на општина Струмица, беа донесени повеќе одлуки, програми и планови во интерес на граѓаните и функционирањето на Општината. Советниците ги усвоија предлог - Програмата за работа на Советот на општина Струмица за 2020 година, предлог - Планот за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во општина Струмица во учебната 2020 / 2021 година,

ЈПКД Комуналец Струмица ги известува своите корисници кои гравитираат околу средното општинско училиште „Никола Карев“

ЈПКД Комуналец Струмица ги известува своите корисници кои гравитираат околу средното општинско училиште „Никола Карев“ дека отвори нов центар за корисници и наплата. Објектот се наоѓа до наплатниот центар на Македонски Пошти во бараките кај училиштето и ќе работи со полно работно време, односно секој работен ден од 7 до 19 часот и сабота од 7 до 13 часот. Во центарот граѓаните ќе можат да ги плаќаат своите сметки за вода и комунални услуги.111

Продолжуваат градежните активности на општина Струмица

Продолжуваат градежните активности на општина Струмица. На постоечките улици во населбата Софилар извршена е санација, а во тек е поплочувањето со бехатон плочки на тротоарот на улицата „Цветан Димов“.

ЈАВЕН ПОВИК до спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица

Јавниот повик е во рамките на програмата за спорт (L0) за респределба на средства од Буџетот на Општина Струмица за 2020 година.
Право на учество:
- Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот.
- Субјектите мора да се формирани и делуваат на територијата на Општина Струмица.
Целосната соджина на јавниот повик може да ја видите на следниот линк.
Формулар за аплицирање - линк

ЈАВЕН ПОВИК за дотација за тренери во спортските клубови

Со овој Јавен Повик за предвидува финансиска поддршка за најмногу 10 (десет) тренери во спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Струмица. Финансиската поддршка трае до крајот на тековната 2020-та година, односно 10 месеци.
Целосната содржина на јавниот повик може да ја видите на следниот линк.

Страница 1 од 3

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544