Вести - Октомври 2019

Одлуки за организирање на втора јавна анкета, јавна презентација и решение за комисија

1. Одлука за организирање на втора јавна анкета и јавна презентација за измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од блок 36 УЕ 5 на град Струмица, Решение за формирање на Комисија за спроведување на втора јавна анкета и јавна презентација за измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од блок 36 УЕ 5 на град Струмица - ЛИНК

1.1 Соопштение за организирање на втора јавна анкета и јавна презентација за измена и дополнување  на Деталниот урбанистички план за дел од  блок 36 УЕ 5 на град Струмица, Општина Струмица со површина од 48782,89 м2 - ЛИНК

2. Одлука за организирање на втора јавна анкета и јавна презентација за измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од блок 37 - УЕ 5 на град Струмица, Решение за формирање на комисија за спроведување на втора јавна анкета и јавна презентација - ЛИНК

2.1. Соопштение за организирање втора јавна анкета и јавна презентација за измена и дополнување на деталниот урбанистички план за дел од блок 37 - УЕ 5 на град Струмица со површина од 37078,93 м2 - ЛИНК

Решение за свикување на дваесет и осмата седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08 – 8034/1, 22.10.2019 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Јаневски: Задоволен сум од сработеното во првата половина од мојот мандат

Градоначалникот Коста Јаневски денеска одржа средба со претставниците на медиумите на која што ги информираше за проектите реализирани во првата половина од неговиот мандат, како и за проектите кои што ќе бидат приорите во наредниот период. Поминаа две години од мојот градоначалнички мандат и сакам да ги информирам граѓаните за поголемите проекти кои што ги реализиравме во овој период.

Јаневски:Општината го потврдува партнерскиот однос со граѓанските организации и ги мотивира да креираат проекти

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, го поздрави завршувањето на проектот „Струмица како културна – историска туристичка дестинација“ на здружението за култура и развој на креативни индустрии Култ – Транзен. При тоа тој истакна дека поддржувајќи го овој проект со 20 насто од неговиот вкупен буџет, Општината го потврдува партнерскиот однос со граѓанските организации и ги мотивира да креираат проекти со кои се унапредува развојот на Струмица.

Градоначалникот Јаневски ги презентираше економските потенцијали пред почесните конзули акредитирани во странство

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, пред почесните конзули на Република Северна Македонија, акредитирани во странство, ги презентираше економските потенцијали на општина Струмица. Тој ја побара нивната помош за подобра промоција и пласман на струмичките  производи, но и за услугите на струмичките компании. Градоначалникот Јаневски потенцираше дека во сите дипломатско конзуларни претставништва на нашата држава во странство ќе биде доставен Каталог во кој се претставени најуспешните извозно – ориентирани претпријатија од Струмица.

Покана за втора форумска сесија

Втората форумска сесија ќе се одржи на ден 17.10.2019 година (четврток) во 18:00 часот во ДОМ на АРМ (Голема Сала) . Втората буџетска форумска сесија е во реализација на Буџетски форум во Општина Струмица 2019/2020 година.
Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на Буџетот на општината и зголемување на транспаретноста на општината.

Првачињата од основните општински училишта станаа членови на Детската организација

Во големата сала на НУЦК „Антон Панов“, денеска, се одржа свеченост на која што првачињата од основните училишта во општина Струмица беа примени во Детската организација. Среќно зачленување во оваа најмасовна организација им посака градоначалникот, Коста Јаневски.

Во Струмица отворени 4 станбени единици за штитеници од Заводот во Банско

Денеска во Струмица беа отворени првите 4 станбени единици во кои што самостојно ќе живеат седум лица кои досега беа згрижени во Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско. Овие станбени единици ги обезбеди Министерството за труд и социјална политика и се комплетно опремени со потребната опрема и мебел по избор на корисниците, обезбедена е услугата лична асистенција, а дополнително ќе биде ангажиран и негувателски кадар.
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544