Вести - Октомври 2019

Општина Струмица обезбеди бесплатен училишен прибор за 820 ученици во основните училишта

Општина Струмица го подобрува амбиентот во основните општински училишта со проекти кои ќе им помогнат и на децата и родителите. Во денешната изјава за медиумите, градоначалникот Коста Јаневски, најави три проекти во оваа област. Тоа се проектите кои што содржат набавување на училишен прибор за деца чии родители имаат пониски примања или се приматели на социјална помош и сите оние проширени категории кои што ги опфаќа Законот за социјална и детска заштита.

Прва форумска сесија од програмата Форуми во заедницата

Ве покануваме на Првата форумска сесија што ќе се одржи на ден 03.10.2019 година (четврток) во 18:00 часот во ДОМ на АРМ (Голема Сала). Првата буџетска форумска сесија е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во Општина Струмица 2019/2020 година.
Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на Буџетот на општината и зголемување на транспаретноста на општината.
На првата буџетска форумска сесија ќе имате можност да се запознаете со процесот на буџетирање и структурата на буџетот на општината, како и со реализираните приоритети за развој на Општина Струмица за 2019 година.
Вашето присуство, активно учество и Вашиот придонес ќе биде од особено значење за успешно спроведување и реализација на Форумот во заедицата - Буџетски форум во Општина Струмица 2019/2020 година со што ќе ја потврдиме транспаретноста и партиципативноста на граѓаните во креирање на општинските политики и креирање на општинскиот Буџет.
Прилог:
1. Агенда - линк
2. Покана - линк

Страница 4 од 4

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544