Вести - Октомври 2019

Се асфалтираат четири улици во населеното место Банско

Согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за оваа година, започна асфалтирањето на четири улици во населеното место Банско. Градоначалникот Коста Јаневски при увидот во градежните работи го сподели  своето задоволството со граѓаните, потенцирајќи дека станува збор за договорени активности на непосредните средби со граѓаните и планирани во буџетот за оваа година.

Одлуки и формулари за неспроведување на стратегиски оцени

Одлуките и формуларите може да се видат, преземат од следниве линкови:
1. Одлука за дел од Блок 2 УЕ 1 - линк
1.1 Формулар, урбан блок 20, урбана единица 1, блок 1 - линк
2. Одлука за дел од УЕ2 и УЕ5 - линк
2.1 Формулар за блок 12 за дел од УЕ2 и УЕ5 - линк

Втора година по ред се обезбедени бесплатни училишни униформи за првоодделенците

Вкупно 628 ученици од прво одделение во општинските основни училишта добија училишни униформи. Средствата во висина од 650 илјади денари се обезбедени од буџетот на општина Струмица. Уште една мерка на градоначалникот Коста Јаневски која го помага домашниот буџет на родителите на првачињата, а се спроведува втора година по ред. Со униформите децата изгледаат прекрасно и уредно, им помагаат да се сконцентрираат на наставните програми, да имаат подобар успех во учењето и јас тоа од се срце им го посакувам.

ЈАВЕН ПОВИК За избор на консултант за изработка на Локална Стратегија на Општина Струмица за заштита од ХИВ-сида за период од 2019 -2024

Општина Струмица распишува Јавен повик за избор на консултант за изработка на Локална Стратегија на Општина Струмица за заштита од ХИВ-сида за период од 2019-2024.

Изработката на Стратегијата за заштита од ХИВ - сида ќе се реализира во партнерска соработка помеѓу Општина Струмица и избраниот консултант.

Целосната содржина на јавниот повик може да ја видите на следниот линк.

Советот на општина Струмица ја одржа 28-та седница

По вкупно 14 точки на дневниот ред денеска расправаа членовите на Советот на општина Струмица на 28-та седница. Според Марјан Даскаловски, претседател на Советот, беа усвоени предлог – одлуки и програми од неколку области во интерес на граѓаните.

Покана за трета форумска сесија

Ве покануваме на третата форумска сесија што ќе се одржи на ден 31.10.2019 четврток во 18.00 часот во ДОМ на АРМ (голема сала). Третата буџетска форумска сесија е во реализација на Буџетски форум во Општина Струмица 2019/2020 година. Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на Буџетот на општината и зголемување на транспараентноста на општината.
Целата содржина на поканата може да се види на следниов линк.
Агендата за третата форумска сесија може да ја видите на следниов линк.

Организирање на втора јавна анкета и јавна презентација за изработка на Урбанистички план за село Дабиља

1. Одлука за организирање на втора јавна анкета и јавна презентација за изработка на Урбанистички план за село Дабиља. - линк

2. Решение за формирање на Комисија за спроведување на втора јавна анкета и јавна презентација за изработка на Урбанистички план за село Дабиља. - линк

3. Соопштение за организирање на втора јавна анкета и јавна презентација за изработка на Урбанистички план за село Дабиља со површина од 121,98 Ха. - линк

Околу 5.000 ученици од основните училишта во општина Струмица секој работен ден ќе добиваат по едно јаболко

Сите ученици од прво до деветто одделение во основните општински училишта во градот и населените места, денеска, добија по едно јаболко. Со тоа и започна реализацијата на проектот „Здрав оброк за секое дете“ финансиран од буџетот на општина Струмица. Градоначалникот Коста Јаневски ги посети учениците во основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица.

Страница 1 од 4

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544