Јаневски:Општината го потврдува партнерскиот однос со граѓанските организации и ги мотивира да креираат проекти

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, го поздрави завршувањето на проектот „Струмица како културна – историска туристичка дестинација“ на здружението за култура и развој на креативни индустрии Култ – Транзен. При тоа тој истакна дека поддржувајќи го овој проект со 20 насто од неговиот вкупен буџет, Општината го потврдува партнерскиот однос со граѓанските организации и ги мотивира да креираат проекти со кои се унапредува развојот на Струмица.

Токму затоа и го потврдивме нашето учество во реализацијата на Програмата за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) финансирана од Европската унија, а спроведувана преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  потпишувајќи го Меморандумот за соработка во 2017 година. Во изминативе две години имаме спроведено два  јавни повика. На првиот јавен повик беа поддржани четири граѓански организации со вкупна сума од 3.737.824 денари во која Општината учествуваше со 784.943.00 денари. Тоа беа, Општинската организација на Црвен крст, Здружението за култура и развој на креативни индустрии Култ –Транзен, Здружението на производители на органска храна „Органологистик“ и Здружението за унапредување и развој на земјоделието „Проагро Фармери“. На вториот јавен повик имаме поддржано три граѓански организации со вкупна сума од 3.294,131 денари од кои учеството на Општината е 691.768 денари, а тоа се Центарот на заедницата на општина Струмица, Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ и Здружението на граѓани „Друштво за проучување и заштита на птиците“. Проектот на Култ Транзен има големо значење во реализацијата на еден од нашите општински приоритети – да ја направиме Струмица привлечна културно – историска туристичка дестинација, рече Јаневски.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544