Домаќинствата во Струмица ќе добијат 5.500 бесплатни садови за комунален отпад
По распределбата на 3.000 садови за комунален отпад во 15 населени места, од денеска започна распределбата на 5.500 такви садови и на домаќинствата во градот. Домаќинствата бесплатно ќе ги добиваат овие 8.500 садови што ги набави општина Струмица и тоа во рамките на кампањата „Еко фронт – Чиста да ни е“ која што ја спроведуваат општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“, а чија цел е создавање на чиста и здрава средина за живот во градот и населените места. На пунктот од каде што почна распределбата во градот, беа градоначалникот Коста Јаневски и директорот на ЈПКД „Комуналец“ Зоран Горгиев.