Ќе се ревитализира и конзервира манастирот „Света Богородица Елеуса“ во Вељуса
Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз и министерот за култура, Хусни Исмаили, денеска, го потпишаа Договорот за користење на грантот со кој ќе се ревитализира и конзервира манастирот „Света Богородица Елеуса“ во населеното место Вељуса. На потпишувањето во дворот на манастирот присуствуваше и градоначалникот, Коста Јаневски.