Вести - Јули 2019

Бесплатни 8.500 канти за комунален отпад ќе бидат поделени на домаќинствата во градот и населените места

Домаќинствата од населените места и градот ќе добијат нови 8.500 бесплатни канти за комунален отпад. Од денеска екипите на ЈКПД „Комуналец“ започнаа со распределба во населените места Баница, Водоча и Вељуса. Кантите се наменети исклучиво за индивидуалните домаќинства. Важно е да напоменеме дека тие ќе се делат бесплатно и истите ќе бидат на товар на ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица.

12

За шест месеци преку „Систем 48“ решени 574 проблеми

sistem4 3Во првите шест месеци од годинава, преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ решени се 574 проблеми од вкупно доставените  693 пријави. Останатите 119 се проследени до надлежните служби и се пријави во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.

Одбележана седумгодишнината од големиот пожар во месноста „Двата пата“

Денеска беше одбележана 7-годишнината од големиот пожар во месноста „Двата пата“ во која што животите ги загубија браќата Пено Стојанов и Блажо Стојков од Рич, Војо Гркљанов од Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица. Во знак на почит кон нивното херојско дело, пред Споменикот подигнат во нивна чест, цвеќе положи градоначалникот Коста Јаневски, кој во своето обраќање рече дека нивните имиња ќе останат засекогаш врежани во нашите тажни сеќавања, како симбол на човековата храброст.

„Астерфест“ по 14-ти пат ќе се одржи од 26 до 29 јули

Овогодишното 14-то издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи од 26 до 29 јули, во Амфитеатарот во Струмица, под мотото „Кратки резови“. За „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“, како и за „Старозлатниот проектор“ и за наградите „Ацо Алексов“ и „Ѓорги Абаџиев“ ќе се натпреваруваат следниве 24 кусометражни филмови:asterfest

Министерството за локална самоуправа и општините од Југоисточниот плански регион потпишаа договор за соработка

Во домот на АРМ, денеска, се одржа 12-та седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на која што присуствуваше и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски. На седницата се разговараше за актуелните состојби во Општините од регионот, а беа потпишани и договори за соработка за 2019 година меѓу Министерството за локална самоуправа и општините основачи на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

 Градоначалникот Јаневски денеска одржа работна средба со началникот на СВР Струмица и со директорот на ЈП „Паркиралишта Струмица“

Градоначалникот Коста Јаневски денеска одржа работна средба со началникот на СВР Струмица, Танчо Пројковски и неговите соработници и со директорот на ЈП „Паркиралишта Струмица“, Митко Бујуклиев, на која што се разгледуваше безбедноста во градот, а на која се почесто реагираат граѓаните, посебно за нарушувањето на јавниот ред и мир во вечерните и ноќните часови во овој период од годината. 

Гостин на традиционалната Вечер на поезија беше македонскиот поет и прозаист Владимир Мартиновски

 Гостин на традиционалната Вечер на поезија во рамките на годинашната програма на Струмица опен фестивалот која синоќа се одржа покрај езерцето во градскиот парк, беше македонскиот поет и прозаист Владимир Мартиновски. За неговите дела зборуваше поетесата Вања Изова Велева, а песни читаа Сузана Мицева и Катерина Панов Козаров.  Владимир Мартиновски е добитник на наградата „Витез на македонскиот пишан збор“, а зад себе има над 30 дела од поезија за деца и возрасни, проза, антологии, книжевно - теориски студии и есеистички книги.

Термини за полагање на испит за добивање на сертификат за авто-такси возач

Комисија за спроведување на постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто – такси возач 

МЕСЕЦ ЈУЛИ 2019 ГОДИНА

23.07.2019 година (вторник) во 16 : 30 часот во „Дом на АРМ“ - Струмица.

 30.07.2019 година (вторник) во 16 : 30 часот во „Дом на АРМ“ - Струмица.

Страница 1 од 3

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544