Вести - Февруари 2019

Советот на општина Струмица ја одржа 20-та седница

Денеска се одржа 20-та седница на Советот на општина Струмица на која што беа усвоени предлог – одлуки и програми од повеќе области. Зелено светло од советниците добија предлог - одлуките за утврдување на приоритет и сопствено учество во проектите за атмосферски канал во селото Габрово и за фаза 2 -електрична инсталација и опрема на улица со шеталиште во селото Градско Балдовци.

Општина Струмица ја одбележа 15-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски

Со пригодна свеченост која што се одржа пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк, општина Струмица ја одбележа 15-годишнината од трагичната смрт на македонскиот претседател, Борис Трајковски. За животот и делото на Трајковски, зборуваше Марјан Даскаловски, претседател на Советот на општина Струмица.

Сите општински проекти се реализираат според планираната динамика

Градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници, денеска, ги посети локациите на кои се одвиваат градежни активности, а со кои се подобруваат условите за живот во населените места и градот. Тој рече дека е задоволен од динамиката со која што се реализираат проектите, а дел од нив се веќе во завршна фаза. Во населените места Просениково и Дабиле се изведуваат канализациони системи во вкупна должина од 16.181 метар.

Започнаа активностите за комплетно ново осветлување на улицата „Младинска“

По новото модерно осветлување во големиот градски парк, Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ започна со градежните активностите за поставување на  ново улично осветлување на улицата „Младинска“. Според директорот Митко Бујуклиев, комплетната замена на старото со ново улично осветлување ќе се изврши на потегот од градинката кај болницата до градинката кај основното училиште „Никола Вапцаров“ во должина од 1,5 километри. Во овој зафат ќе бидат поставени 47 нови бандери со исто толку ЛЕД арматури со јачина од 80 вати. Општина Струмица и Јавното претпријатие ќе продолжат со подобрувањето на уличното осветлување и на други локации во градот и населените места.

Нова меѓукатна конструкција во основното училиште „Маршал Тито“ од Струмица

Во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица заврши поставувањето на меѓукатна конструкција на спратот на училишната зграда. Овој зафат се реализираше во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО), а за кој беше потпишан Меморандум за соработка меѓу училиштето, општина Струмица, Македонскиот центар за граѓанско образование и УСАИД.

Општина Струмица и Просветно дело потпишаа меморандум за соработка

Градоначалникот Коста Јаневски и генералниот директор м-р Павле Петров, потпишаа Меморандум за соработка меѓу Општина Струмица и Просветно дело АД Скопје, втемелена на платформа на заемна доверба и разбирање која ќе опфаќа низа активности кои се од интерес и бенефит за двете страни.  Со Меморандумот е утврдено воспоставување на трајна соработка со манифестациите

Училишни униформи за сите ученици во прво одделение во општинските основни училишта

Општина Струмица обезбеди училишна униформа (маици и дуксерки) за 639 ученици во прво одделение во сите основни општински училишта. Градоначалникот Коста Јаневски денеска ги посети првачињата во основното училиште „Видое Подгорец“ за да види како им стојат училишните униформи. Тоа е едно од ветувањата и мислиме дека е добар гест.

Болницата во Струмица ќе се приклучи на гасоводната мрежа

Во посета на општина Струмица денеска престојуваше заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули. По средбата со градоначалникот Коста Јаневски на која се разговараше за мерките со кои ќе се намали загадувањето на амбиенталниот воздух, во изјавата за медиумите пред мерната станица во кругот на болницата, беше најавено дека истата ќе се приклучи на гасоводната мрежа.

Страница 1 од 2

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544