Вести - Јануари 2019

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 19-та седница

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 19-та седница на која што беа усвоени Програмата за работа на Советот за 2019 година, одлуката за доделување еднократна парична помош за новороденче на подрачјето на општината и за 2019 година во висина од три илјади денари, планот за запишување ученици во прва година во средните општински училишта во учебната 2019/2020 година, како и повеќе други одлуки, програми и планови од повеќе области.

Соопштение за Прекинување на прагот на алармирање во град Струмица

Почитувани , Ве информираме дека согласно податоците од ДАМСКВ на 30.01.2019 година, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 µg/m3 , и епизодата од два последователни дена е прекината . Со тоа престануваат да важат препораките и мерките согласно заклучоците од 40-та седница на Владата на Република Македонија.

За неколку денови ќе биде објавен огласот за становите во новата социјална зграда во Струмица

Во Струмица заврши изградбата на новата зграда со социјални станови во која денеска беа министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката Кристијан Трајковски и градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски. Министерот Сугарески информираше дека зградата има 37 социјални станови и 4  кои се доделени на министерството за труд и социјална политика кои ќе бидат распределени на најранливите категории граѓани. Огласот ќе биде распишан за неколку денови и ќе трае 30 денови, а пријавувањето ќе се врши во Центарот за социјални работи во Струмица.

ЈАВЕН ПОВИК - До спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ

Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица (Службен гласник на Општина Струмица бр 5/06), Градоначалникот на Општина Струмица објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

 Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02) и член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица“ бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10 и 1/15), Градоначалникот на Општина Струмица објавува:

Извештај за праг за алармирање на граѓаните на Општина Струмица за наредните денови

Во врска со настанатата состојба со загадувањето на воздухот во  агломерација на град Струмица, надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (надминување на вредноста од 188 µg/m3 ,  (2 и повеќе последователни дена на 27.01.2019 , 28.01.2019)     Ве известуваме дека е потребно информирање на граѓаните  согласно Акциониот план за подобрување на воздухот со  објавање на текстот на овој допис  на Web страната на општина Струмица и поставување на постојан линк со Мерната станица во Струмица на    http://air.moepp.gov.mk/

Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација

1. Соопштение за организирање на јавна анкета за донесување на ДУП за дел од блок 23 ( блок 22 Урбана единица 9 согласно ГУП на град Струмица) - линк
2. Соопштение за организирање на јавна анкета за донесување на ДУП за дел од блок 21 ( блок 12 урбана единица 2 согласно ГУП на град Струмица) - линк
3. Соопштение за организирање на јавна анкета за донесување на АУП за дел од блок 19 - линк

Решение за свикување на деветнаесеттата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица
Бр.08 -457/1, 23.01.2019 год., Струмица
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Страница 1 од 3

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544