Вести - Декември 2018

Советот го усвои буџетот на општина Струмица за 2019 година

На денешната осумнаесетта седница на Советот, беше усвоен буџетот на општина Струмица за 2019 година. Тој тежи 1.122.430.586 денари и според градоначалникот Коста Јаневски, тоа значи дека и идната година ќе продолжат капиталните инвестиции и развојот на Општината. На седницата беа усвоени повеќе предлог – програми за активностите на општина Струмица во областите кои што се во нејзина надлежност, на јавните претпријатија и локалните институции, како и одлуки и решенија од областа на урбанизмот.

Општина Струмица ги известува граѓаните дека барања за легализација на објекти можат да се поднесат и во сабота и понеделник

На 31 декември 2018 година (понеделник) завршува рокот за поднесување нови барања за легализација на бесправно изградени објекти. Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните кои што не успеале досега да достават барања, општина Струмица ги известува дека архивата на Секторот за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште ќе работи и во сабота (29.12.2018 година) од 8 до 16 часот, а во понеделник (31.12.2018) ќе работи со вообичаеното работно време од 8 до 16 часот. Барања можат да се пратат и по пошта заклучно со 31.12.2018 година. Барањата на граѓаните треба да бидат комплетирани со комплетна документација.

Решение за свикување осумнаесетата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица
Бр.08-10518/1, 21.12.2018 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Новогодишна хуманитарна акција на учениците од основните училишта

Празниците не се само за славење, туку и за помагање, за подавање рака на тие што имаат потреба од нечија помош, токму ова го потврдија учениците од основните општински училишта кои спроведуваа хуманитарна акција пред Новогодишно – божиќните празници. Тие подготвија новогодишни пакетчиња и ги подарија на своите соученици од социјално загрозените категории. Новогодишни пакетчиња на овие дечиња им подари и градоначалникот, Коста Јаневски.

Нови клонови на градинката „Детска радост“ во Куклиш и Муртино

Во населените места Куклиш и Муртино во тек е преадаптација на објекти во клонови на градинката „Детска радост“, а кои што се сопственост на општина Струмица. Градоначалникот Коста Јаневски го посети објектот во Куклиш и рече дека се работи за значаен проект од областа на социјалната сфера. Овој проект ќе опфати 86 дечиња кои што ќе бидат згрижени во овие објекти.

Јаневски: Помала дискриминација поголема еднаквост за сите

Локалното координативно тело за заштита од дискриминација на општина Струмица и Асоцијацијата за здравствена едукација и заштита ХЕРА, денеска, на прес конференција која што се одржа во домот на АРМ, промовираа две брошури за правата на лицата со попреченост и ЛГБТИ лицата. Брошурите се изработени од страна на членовите на ЛКТЗД Струмица,

Јаневски: Спортот е исклучително важна гранка во секое општество па кон него треба да се однесуваме одговорно и професионално

Во домот на АРМ, денеска, се одржа олимписка обука за напреден спортски менаџмент и спортската администрација на Олимписките спортски организации во општина Струмица. Обуката ја водеа Даниел Димевски, советник за спорт на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и Сашо Поповски, генерален секретар на Македонскиот олимписки комитет. Присутните спортисти и спортски работници ги поздрави градоначалникот, Коста Јаневски.

Во тек се градежни активности на повеќе локации во населените места и индустриските зони

Согласно буџетските програми на општина Струмица за 2018 година, во тек се повеќе градежни активности во населените места и индустриските зони. За нив денеска информираше градоначалникот, Коста Јаневски. Во населеното место Сачево се изведуваат неколку градежни активности, пред се,  еден значаен проект кој самите жители подолго време наназад го спомнуваа како еден од проблемите кои ги мачат, всушност се изведува еден прописен армирано бетонски пропуст кој што ќе задоволува и одредени архитектонски и градежни норми и мислам дека навистина ќе биде во функција на ова населено место и тоа со сите карактеристики кои треба да ги содржи еден таков проект.

Страница 1 од 4

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544