Вести - Ноември 2018

Во Струмица се одржа бизнис средба на која беа презентирани владините мерки за вработување за 2019 година

Пред бизнис заедницата на Струмица денеска беа презентирани активните мерки и програмите за вработување и услугите на пазарот на трудот за 2019 година на Владата на Република Македонија. На бизнис средбата присуствуваа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, вршителот на должноста постојана преставничка на УНДП, Нарине Сахакјан, директорката на Агенцијата за вработување на Македонија, Билјана Јовановска и градоначалникот Коста Јаневски.

Заедничко дружење и учење преку проектни активности во ООУ „Маршал Тито“ од Струмица

Во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци и имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со Бирото за развој на образованието од Скопје, ученици од мешан етнички состав во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица, следеа часови по наставните предмети општество и граѓанско образование.

Во рамките на проектот „Jакнење на мултиетничка соработка во општините“ учениците од основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица

Во рамките на проектот „Jакнење на мултиетничка соработка во општините“ учениците од основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица, заедно со наставниците Милена Ристовска, Зоја Муканова и Лидија Настева, кои се дел од тимот за реализација на проектот, спроведоа активност - посета на националната установа „Танец” и културно – уметничкото друштво „Јени Јол“ од Скопје.

Одлука за избор на кандидати по објавен интерен оглас

Одлука за избор на кандидати по објавен интерен оглас може да ја видите на следниот линк

Термини за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто – такси возач

Комисија за спроведување на постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто – такси возач

       

   МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ 2018 ГОДИНА

11.12.2018 година (вторник) во 16 : 30 часот во „Дом на АРМ“ - Струмица

  25.12.2018 година (вторник) во 16 : 30 часот во „Дом на АРМ“ - Струмица.

Втора сесија од проектниот форум во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“

Втора сесија од проектниот форум во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ 

Општина Струмица, Дом на АРМ, 27.11.2018, 13:00 часот

 

ДНЕВЕН РЕД

Пред бизнис заедницата на Струмица беа презентирани владините економски политики „План за економски раст“

Во салата на Советот во домот на АРМ, денеска се одржа работна средба со бизнис заедницата на општина Струмица на која што беа презентирани владините економски политики „План за економски раст“. На средбата, покрај домаќинот, градоначалникот Коста Јаневски, учествуваа Зорица Апостолска, министер без ресор задолжен за странски инвестиции,

Трета форумска сесија во рамките на Програмата Форуми во заедницата

Трета форумска сесија во рамките на Програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во Општина Струмица 2018/2019 година

Дом на АРМ, петок, 23 ноември 2018, 18:00 часот(голема сала)

18:00 -18:15 Добредојде на присутните, претставување на целта и преглед на претходната сесија

 Усвојување записник од втората форумска сесија

 Усвојување на дневен ред за работа

Страница 1 од 6

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544