Вести - Октомври 2018

Се одржа инфо ден со граѓанските организации за поднесување предлог проекти

Во домот на АРМ денеска се одржа инфо ден со претставниците на граѓанските организации по објавениот Јавен повик од општина Струмица во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD). Целта беше граѓанските организации да ги добијат потребните информации за поднесување на предлог проекти.

Во Габрово се асфалтираат улици, се довршува филтер станицата и се изведуваат каскади

Општина Струмица деновиве реализира повеќе активности во населеното место Габрово. Задоволството од реализацијата на планираните проекти, со жителите на Габрово го сподели градоначалникот Коста Јаневски, кој со своите соработници ги посети локациите на кои што се изведуваат градежните работи. Градоначалникот Јаневски информираше и за активностите во останатите населени места. Во Габрово се работи на асфалтирање на три улици и на уште нешто што за мене и за граѓаните на ова населено место е многу значајно и долгоочекуван проект,  а тоа е довршувањето на филтер станицата која што треба да овозможи квалитетна вода за пиење.

Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен балкан (ReLOaD)

undp logoeu logoРегионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) е финансирана од Европската унија и ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до јануари 2020 година и ќе има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на донесување одлуки.
Целосниот текст од објавата и останатата документација може да ги симнете од линковите во продолжение:

Решение за свикување на петнаесеттата седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица
Бр.08 -8541/1, 19.10.2018 год.,
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

По тринаесетти пат  Струмица е домаќин на Отворените забавни фудбалски школи

На плоштадот „Гоце Делчев“ денеска беа отворени Отворените забавни фудбалски школи. Во нив учествуваат 80 момчиња и девојчиња, ученици од второ до шесто одделение од општинските основни училишта „Даме Груев“ од Куклиш, „Маршал Тито“ од Муртино, „Сандо Масев“ и „Никола Вапцаров“ од Струмица. Забавните фудбалски школи за отворени ги прогласи градоначалникот, Коста Јаневски.

Во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција на младите ќе се врши реновирање на делови од училиштата „Маршал Тито“ и „Јане Сандански“

Во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) кој опфаќа три компоненти, меѓу кои и компонентата стимул за училиштата – реновирање, денеска, во кабинетот на градоначалникот Коста Јаневски, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу двете училишта, основното „Маршал Тито“, средното „Јане Сандански“ и општина Струмица со Македонскиот центар за граѓанско образование и УСАИД.

Општина Струмица ги одбележа Денот на народното востание и Денот на борецот

Со пригодна свеченост која што се одржа пред Споменикот на Револуцијата во градскиот парк, денеска, беше одбележан 11. Октомври – Денот на народното востание на Македонија и Денот на борецот. За значењето на празникот зборуваше градоначалникот, Коста Јаневски. Секој празник е достоен за празнување затоа што претставува  сведоштво за дел од нашата историја, а сите оние кои биле носители на значајните датуми од таа историја заслужуваат вистинска почит и чествување.

Десет пожарникари од Струмица учествуваат на вежба во Србија под покровителство на НАТО

Десет пожарникари од Територијалната професионална противпожарна едница на Струмица учествуваат на меѓународна вежбовна активност за спасување од урнатини и поплави „Србија 2018“ која што се одржува во Младеновац, Република Србија. Нивното учество е во рамките на Републичките сили за заштита и спасување. Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, учеството на вежбата е со цел да ги зајакнат капацитетите за подобра координација и спасување од сите природни катастрофи, кои можат да го зафатат регионот. Вежбата ќе трае до 12 октомври и се одржува под покровителство на НАТО.43657228 535185056895204 7676234867335495680 n

Страница 1 од 3

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544