Вести - Јули 2018

Уредување и санација во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ с.Дабиље

Во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ с.Дабиље во тек се градежни зафати за уредување на училишниот двор, уредување на влезот на училиштето како и санација на ѕидовите во училиштето кои имаат влага. Во текот на месец август ќе се изврши и редовното белење на простории во училиштето. Со сите овие зафати значително ќе се подобрат условите за работа и престој на учениците во училиштето.

Населените места Дабиље и Просениково ќе добијат канализациски системи за отпадни води

Министерството за транспорт и врски ја избра скопската градежна фирма „Вардарградба“ за изведувач на идните фекални канализациони системи за населените места Дабиље и Просениково во општина Струмица. Градежните активности ќе чинат над 43,7 милиони денари, обезбедени од државниот буџет. Главен критериум за избор на најповолен понудувач била најниската цена, а рокот за изведба е 12 месеци.

Соопштение

Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој во соработка со општините од регионот го организира третирањето против комарци, ги информираат граѓаните дека прскањето ќе се изврши на ден 29.07.2018 година (недела) во раните утрински часови, односно, во раните утрински часови во периодот од 04:30 до 09:30 часот, доколку временските услови дозволат..Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.prskanje komarci

Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација

Се организира јавна анкета и јавна презентација за донесување на  ДУП за  дел од блок 16 и измена и дополнување на дел од Блок 15 (ГП15,13, ГП15,14 И ГП15,15),УЕ 2 согласно ГУП на град Струмица - линк

Проект „Заштита од дискриминацијата на локално ниво“ и Формирање на Локално Координативно тело за заштита и спречување на дискриминација на Општина Струмица во рамки на Проект „Заштита од дискриминацијата на ЛГБТИ на локално ниво“

Општина Струмица и Х.Е.Р.А.- Асоцијација за здравствена едукација и истражување, потпишаа меморандум за соработка во март 2016 година, кој беше првиот чекор од соработката помеѓу двете организации. Меморандумот беше во траење од 2 години и на основа на заклучоците од повторната средба со Градоначалникот Коста Јаневски на 25.12.2017 и претставничките од ХЕРА одлучено е соработката да продолжи и потпишан е нов меморандум за соработка во април 2018.

По десетти пат меѓународен турнир во одбојка на песок во Струмица

Струмица по десетти пат е домаќин на меѓународниот турнир во одбојка на песок во машка и женска конкуренција во организација на одбојкарскиот клуб „Струма“. Покровител на турнирот во кој учествуваат натпреварувачи од Македонија, Бугарија и Косово е општина Струмица. Натпреварите се одржуваат на тениското игралиште до базенот „Аквариус“, а турнирот за отворен го прогласи градоначалникот Коста Јаневски.

Јаневски: Ќе започне изградбата на канализационите системи во Просениково и Дабиле

Во работна посета на општина Струмица, денеска, престојуваше министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски. По работната средба со градоначалникот Коста Јаневски на која се разговараше за реализацијата на заедничките проекти на општината и министерството од областа на инфраструктурата, беше посетена реконструираната делница Дабиле – Хамзали на регионалниот пат Струмица – Берово.

Градоначалникот Јаневски одржа работна средба со министерот Сугарески

Заедничките проекти во решавањето на инфраструктурните проблеми во општина Струмица, беа главната тема за разговор на средбата која градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници денеска ја одржа со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Изградбата на фекалните канализациони системи во неколку населени места, уредувањето на речното корито Водочница, активностите во патната инфраструктура, беа само дел од проектите за кои се разговараше, а кои значат многу за граѓаните на општината и регионот. И Јаневски и Сугарески, потенцираа дека во наредниот период општината и министерството, ќе ги интензивираат активностите за решавање на инфраструктурните проблеми. На средбата присуствуваше и посебниот советник за транспорт и врски на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, Фидан Колев.

Страница 1 од 3

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544