Вести - Јуни 2018

Утре е последен ден за поднесување геодетски елаборати за бесправно изградени објекти

Општина Струмица ги информира граѓаните дека утре (30.06.2018 година) е последен ден за поднесување геодетски елаборати за бесправно изградените објекти за веќе поднесени барања во 2011 и 2015 година. Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните кои тоа го немаат направено, утре од 8 до 16 часот ќе има дежурна екипа која ќе ги прима елаборатите во Одделението за урбанизам кое што се наоѓа во зградата на булеварот „Ленинова“ спроти Основниот суд во Струмица. Истовремено, се известуваат граѓаните дека рокот за поднесување на нови барања за легализација на бесправно изградени објекти трае до 31.12.2018 година.36378392 1692090167511073 4758926877542842368 n

Одржана прес конференција по повод 7. Струмица опен фестивал

Денес во салата за седници на Советот на општина Струмица,во Домот на АРМ, се одржа прес конференција за овогодинешното, седмо по ред издание на „Струмица опен фестивал“, кое годинава ќе трае безмалку два месеца. На прес конференцијата, од името на организаторот на фестивалот, Здружението на граѓани „Културен забавен живот“, зборуваше претседателот Томи Печков, кој даде акцент на културните фестивалски содржини. Најатрактивните настани на „Струмица опен фестивал“ и естрадните гости од земјата и странство ги најави градоначалникот Коста Јаневски, а за поддршката од Општина Струмица зборуваше претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски. Во своето обраќање на прес конференцијата, градоначалникот Коста Јаневски истакна:

Градоначалникот Јаневски на заедничка средба на полицијата и угостителите

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, учествуваше на заедничката средба на претставници на СВР – Струмица и угостителите под мотото „Почитување на законите“ која што се одржа во домот на АРМ. Целта на средбата беше градење  на позитивен однос полиција – сопственици на угостителски објекти, а во рамките на проактивниот пристап на работа на полицијата во заедницата. Посебен акцент беше ставен на делот за точење алкохол на малолетници, присуство на малолетници во угостителските објекти по полноќ и законското работење на угостителите.

Се одржа средба за добри менаџерски практики во локалната власт

Во салата на Советот на општина Струмица се одржа средба на советниците и претставници на општинската администрација со професор Лари Хубел, академик со долгогодишно и богато искуство во градење на добри менаџерски практики на ниво на локална власт од САД, а во соработка со Американската амбасада во Република Македонија. На средбата се разговораше за искуствата кои се однесуваат на предусловите за градење на добар систем за управување со локалната власт со фокус на најдобрите практики во човековите права и управување со ресурси во јавниот сектор.

Се асфалтираа два крака од улица во Куклиш

Општина Струмица продолжува со уредувањето на населените места. Согласно програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, денеска се асфалтираа два крака од улица во населеното место Куклиш во должина од 200 метри. Овој зафат е реализиран со средства од буџетот на општина Струмица.

Соопштение

Се известуваат граѓаните на општина Струмица дека првото авионско прскање против комарци , кое поради врнежи од дожд беше одложено од 17.јуни за 27.јуни(четврток) , од истите причини повтроно се одложува , овојпат за 1.јули(недела). Се известуваат сопствениците на пчелни семејства , да преземат соодветни мерки за нивна заштита.komarci

Општина Струмица ја одбележи 62 – годишнината од раѓањето на Претседателот Борис Трајковски

Денес пред споменикот „Македонија“ во струмичкиот градски парк, во организација на Општина Струмица, се одржа чествување по повод 62 – годишнината од раѓањето на вториот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. За животот и делото на Претседателот Трајковски, пригодна реч одржа градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, кој меѓу другото, ги истакна неговите заложби за интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО. На свеченоста беа доделени награди на авторите на најдобрите творби во чест на Претседателот Трајковски, од традиционалниот конкурс на ЛУБ „Благој Јанков – Мучето“, а беше положено и свежо цвеќе пред споменикот „Македонија“. Во својот пригоден говор, градоначалникот Јаневски рече:

Градоначалникот Јаневски положи цвеќе пред споменикот на загинатите бранители

Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, денеска, положи свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители, а по повод 17-годишнината од загинувањето на Атанас Јанев учесник во воениот конфликт во Република Македонија во 2001 година. Цвеќе положија и членови на семејството Јаневи, претставници на СВР Струмица, Општинскиот одбор на Сојузот на борците, јавни институции организации, а за ликот и делото на Јанев зборуваше Танчо Пројковски, началник на Секторот за внатрешни работи во Струмица.

Страница 1 од 5

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544