Вести - Април 2018

Одлука за распределба на финансиски средства од програма V2 од буџетот на општина Струмица за 2018 година

Одлуката за распределба на финансиски средства од програма V2 од буџетот на општина Струмица за 2018 година е достапна на следниов линк.

Квартален извештај за работата на овластениот инспектор за патен сообраќај на Општина Струмица за пероид од 01.01.2018 до 31.03.2018 година.

Во текот на извештајниот период Овластениот инспектор за патен сообраќај

изврши 34 контроли, и тоа на моторни возила и правни лица со кој се врши јавен превоз на патници во патниот сообраќај кој поседуваат лиценца за работа и при тоа констатирав дека:

Одлука за распределба на финансиски средства од програма G1 од буџетот на општина Струмица за 2018 година

Одлуката за распределба на финансиски средства од програма G1 од буџетот на општина Струмица за 2018 година е достапна на следниов линк.

Решение за свикување на десеттата седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица Бр.08-3345/1  26.04.2018 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Санирањето на ударните дупки во завршна фаза

Согласно програмата за „крпење“ на ударни дупки за 2017 г., денес привршуваат работите за санација на ударни дупки на неколку делови од градот. Според информацијата од Одделението за комунални работи при Општина Струмица, во текот на денешниот ден се изведуваат завршните работи за „крпење“ на ударните дупки во централното градско подрачје, и тоа на булеварот „Ленинова“, кружниот тек  кој ги поврзува булеварот „Гоце Делчев“ и улуцата  „Младинска„, кружниот тек кој ги поврзува улицата „Крушевска Република“ со улицата „Маршал Тито“, како и делници од улицата „Крушевска Република“

Градоначалникот Јаневски меѓу жителите во Турското маало

Градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници, ги посети жителите на улицата „Братство“ во Турското маало во Струмица. Се разговараше за реализираните градежни зафати во изминатите месеци со кои се решија значајни проблеми, но и се разговараше што следно треба да се работи за да се подобрат условите за живот во овој дел од градот.Во овој период кој што помина од мојот мандат, тука беа изведени неколку проекти кои на наше задоволство, имаат добар ефект, добар прием кај луѓето.

Градоначалникот Јаневски на тркалезна маса со младите од Крушево и Струмица

Градоначалникот Коста Јаневски денеска учествуваше на на втората тркалезна маса која што се одржа во домот на АРМ во рамките на грантот „Youth Friendly City“ кој го имплементираат Младинскиот сојуз од Крушево и Младинскиот совет од Струмица, со финансиска поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на проектот е да се да промовира активно учество на младите луѓе во локалните заедници за создавање на општини - Пријатели на младите.

Претставници на ООУ „Маршал Тито“ од Струмица во Изник-Бурса во Турција

На покана од збратименото училиште „Алпарслан“ од Изник-Бурса во Република Турција, по повод нивниот празник „23 Април-Денот на детето“, претставници од општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица, престојуваат во неколкудневна работна посета.За време на престојот тие остварија средба со гувернерот на областа Изник. Во присуство на раководителот на Одделението за образование и директорот на збратименото училиште, разговараа за образовните системи во Република Турција и Република Македонија, разменија искуства за воспитно-образовниот процес во училиштата и ги истакнаа придобивките на меѓуетничката интеграција и интеркултурната комуникација.Градоначалникот на општина Струмица и овојпат ја даде потребната поддршка за реализација на оваа работна посета, преку која и училиштето и локалната заедница се промовирани во Република Турција.

Страница 1 од 4

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544