Вести - Март 2018

Претставник од општина Струмица на работилница за зајакнување на системот на предучилишно образование

Во организација на УНИЦЕФ и Светската Банка, а со цел за поддршка на Министерството за труд и социјална политика, на други надлежни министерства, институции, локалната самоуправа како и на академската заедница, се одржа работилница за зајакнување на системот на предучилишно образование. Оваа работилница е дел од напорите за идентификување на клучните приоритети за подобрување на пристапот, квалитетот и правичноста на предучилишното образование и идентификување на иницијативите за пилотирање во однос на заемот од Светската Банка.

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод 8. Март – Меѓународниот ден на жената

Почитувани сограѓанки,
Пред повеќе од еден век социјалдемократките Клара Цеткин и Роза Луксембург заедно со своите истомисленички, ја започнале борбата за правата на жената, кревајќи го својот глас против родовата нееднаквост и обесправеност на жената.
За жал, таа борба сеуште трае. Бидете дел од неа, за Вашите општествени, граѓански и социјални права.
Отсекогаш сум бил, сум и ќе останам на Ваша страна, затоа што Вие тоа го заслужувате.
Нека Ви е честит 8.Март – Меѓународниот ден на жената.

Јаневски: Спортските манифестации во кои младите се во преден план секогаш ќе ја имаат мојата и поддршката на општина Струмица

Општина Струмица е домаќин на најмасовниот собир на млади фудбалери од Македонија, Хрватска, Србија и Бугарија „Пандев куп“. Свеченото отворање се одржа синоќа на плоштадот „Гоце Делчев“ на кој се собраа над 850 млади фудбалери од 64 екипи кои ќе се натпреваруваат во четири старосни категории. Купот го отвори градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.Струмица отсекогаш ја краселе разни епитети по кои била и останала препознатлива во нашава земја, но и надвор од границите на Македонија. Едни од тие епитети се и: „град на младоста“ и „град на спортот“, но нема ништо поубаво кога тие две нешта ќе се спојат во едно. Така е и овој пат, за што зборува оваа прекрасна глетка на струмичкиот плоштад.

Се одржаа општински натпревари по биологија и природни науки

Во организација на Македонското биолошко друштво, во основното општинско училиште „Сандо Масев“ се одржаа општински натпревари по биологија и по природни науки за основните училишта во општина Струмица. На натпреварот по биологија учествуваа 69 ученици од седмо до деветто одделение, а на натпреварот по природни науки 70 ученици од четврто до шесто одделение.

Оглас за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови во општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица за 2018 година

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 8 од Законот за превоз во патниот сообраќај (“Службен весник на РМ“ број 68/2004, број 127/2006, број 114/2009, број 83/2010, број 140/2010, број 17/2011, број 53/2011, бр.06/2012, 23/2013, 120/2013, 163/2013, 187/2013, 42/2014, 112/2014, 166/2014, 44/2015, 97/2015, 124/2015, 129/2015, 193/2015, 37/2016 и 71/2016 ), а согласно член 1 Одлуката за измена на Одлуката за општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица бр.08 – 9809/1 од 30.12.2015 година, Одлуката за општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица (“Службен гласник на општина Струмица“број 10/07 година), Градоначалникот на општина Струмица објавува оглас за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови во општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица за 2018 година. Целиот оглас може да го видите на следниов линк.

Комисија за спроведување на постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто – такси возач

МЕСЕЦ МАРТ 2018 ГОДИНА

 06.02.2018 година (вторник) во 16 : 30 часот во „Дом на АРМ“ - Струмица и

 20.02.2018 година (вторник) во 16 : 30 часот во „Дом на АРМ“ - Струмица.

Учениците од СОУ „Јане Сандански“ најдобри на натпреварот „Перспективите на Коридор 8“ во Бугарија

Од 22 до 25 февруари во Софија, Република Бугарија, се одржа натпревар на тема „Перспективите на Коридор 8“. На натпреварот земаа учество осум тимови од СОУ „Јане Сандански“- Струмица. Сите ученици покажаа исклучителни познавања од темата и понудија готови проекти и идеи за развој на туризмот, економијата, сообраќајот и добрососедските односи помеѓу земјите низ кои минува трасата на оваа важна трансверзала, а тоа се Италија, Албанија, Македонија и Бугарија.

Со средства од општинскиот буџет ќе се субвенционира дел од надоместокот за приклучок на гасоводниот систем

Со средства од буџетот на општина Струмица ќе се субвенционира дел од надоместокот за стандарден приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем на Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица – гас“. Зелено светло на оваа одлука дадоа членовите на Советот на општина Струмица на вчерашната седма седница. Делот што ќе биде субвенциониран е во износ од 100 евра по приклучок за педесет домаќинства. Субвенционирањето ќе се изврши преку јавното претпријатие „Струмица – гас“, а средствата се обезбедени од буџетот на Општината за 2018 година преку Програмата JL – други комунални услуги.Општина Струмица и во минатите години вршеше вакво субвенионирање со цел да им помогне на граѓаните кои сакаат да се приклучат на дистрибутивниот гасоводен систем и да ги уживаат благодетите на природниот гас. Инаку, надоместокот за приклучок на системот изнесува 600 евра.

Страница 4 од 4

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544