Вести - Март 2018

Градоначалникот Јаневски во работна посета на ООУ „Видое Подгорец“

Градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници од одделението за образование на општина Струмица, денеска, го посетија основното општинско училиште „Видое Подгорец“ и остварија работна средба со директорот на училиштето, Леонид Tанчев. Во рамките на посетата беа разгледани условите за работа, а се разговараше и за подобрување на инфраструктурата на спортските игралишта, училишниот двор, санитарните јазли, спортската сала и училниците.

Советот на општина Струмица ги усвои годишниот извештај и завршната сметка на буџетот за 2017 година

На денешната осма седница на Советот на општина Струмица беа усвоени кварталниот извештај за извршувањето на буџетот за четвртиот квартал од 2017 година, годишниот извештај на општина Струмица и предлог – завршната сметка на буџетот за 2017 година. Од планираните вкупни приходи во буџетот на општина Струмица 1.124.111. 636 денари, реализирани се 840.784.875 или 75 проценти. Во однос на претходната година, процентот на реализација на вкупните приходи е помал за 5 проценти, а кај основниот буџет реализацијата на приходите е помал за 4 проценти. Градоначалникот Коста Јаневски, пред членовите на Советот рече дека и со овој процент е задоволен имајќи ја во предвид политичката и економската состојба во државата во 2017 година.

ЈАВЕН ПОВИК, програма G1, 2018г.

За прибирање предлог проекти во рамките на приоритетните области: “ Локален економски развој, Социјална заштита, Заштита на животната средина, Образование, Млади, Родова еднаквост и човекови права“ од Здруженија и Фондации од Општина Струмица за 2018 година за финансирање од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР од Буџетот на Општина Струмица за 2018 година.

ЈАВЕН ПОВИК, програма V2, 2018г.

За прибирање предлог програми во рамките на приоритетната област “ Социјална заштита “ од Здруженија и Фондации од Општина Струмица за 2018 година за финансирање од Програмaта V2 Програма за Социјална заштита од Буџетот на Општина Струмица за 2018 година.

На четвртата седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион донесени се повеќе значајни одлуки

Советот за развој на Југоисточниот плански регион ја одржа четвртата редовна седница во просториите на Советот на општина Валандово.
На оваа седница се разговараше за повеќе теми од интерес на регионот и се донесоа неколку значајни одлуки. Градоначалниците ги усвоија годишниот извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2017 година, годишниот извештај за спроведување на Програмата за рaзвој на Југоисточниот плански регион 2015-2019 за 2017 година како и Акциониот план за 2018 година за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2015-2019. На оваа седница исто така се донесе и Одлуката за учество на Повик за пристап до Грантовата шема по проектот „Oдржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”, кофинансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација.

Решение за свикување осмата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица
Бр.08-1834/1, 08.03.2018 год., Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Јаневски: Општина Струмица константно ја унапредува меѓуетничката интеграција во образованието

Општина Струмица во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје и Младинскиот образовен форум од Скопје, а во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, организираше дебата - Младински разговори на тема „Локалната заедница како главен фактор за унапредување на меѓуетничка интеграција и граѓанските вредности кај младите“. На дебатата која што се одржа денеска во домот на АРМ учествуваа ученици, директори, претставници на стручните служби и советите на родители и наставници од основните училишта „Маршал Тито“ од Струмица, „Маршал Тито“ од Муртино, „Никола Вапцаров“ и „Сандо Масев“, средните училишта „Јане Сандански“ и „Никола Карев“ и претставници на Младинскиот совет. Учесниците на дебатата ги поздрави градоначалникот Коста Јаневски.

Градоначалникот Јаневски им го честиташе освоеното прво место на одбојкарките на ООУ „Видое Подгорец“

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска организираше прием за членовите на одбојкарскиот тим на основното општинско училиште „Видое Подгорец“ кој го освои првото место на државното првенство во одбојка за основните училишта во женска конкуренција. Градоначалникот и младите одбојкарки разговараа за првенството, за нивната игра и постигнатиот успех. Честитајќи им ја победата, градоначалникот Јаневски потенцираше дека тој и општина Струмица секогаш ќе го поддржуваат и поттикнуваат училишниот спорт и ќе бидат пријатели на младите спортисти.
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544