Градоначалникот Јаневски испрати телеграма со сочувство до семејството Крстеви по повод смртта на Мијалче Крстев командир на ТППЕ на Струмица

Почитувани членови на семејството Крстеви,
Со неверување и голема тага ја примив жалната вест за прераната смрт на Вашиот сопруг и татко, а наш соработник, Мијалче Крстев.
Мијалче ќе остане запаметен како извонредно ценет и почитуван граѓанин, а како командир на Територијалната противпожарна единица – Струмица, се одликуваше со својата професионалност, одговорност, пожртвуваност и сериозност во извршувањето на своите работни задачи. Како таков, вечно ќе остане во моето паметење.
Со неговото заминување, Општина Струмица се соочува со голема загуба, а Вашето ценето семејство со ненадоместива празнина. Па сепак, бидете горди што Вие бевте дел од него, а тој – дел од Вас.
Ако споделената тага е помала тага, тогаш примете го моето најдлабоко сочуство поради прераната смрт на Вашиот и наш Мија.
Нека му се вечни споменот и славата.
Погребот на Мијалче Крстев ќе се изврши денес во 14 часот на градските гробишта во Струмица.
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544