Градоначалникот Јаневски одржа средба со претставници на Министерството за одбрана

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска, одржа работна средба со Драган Николиќ државен секретар во Министерството за одбрана и неговите соработници. На средбата се разговараше за предавање на сите објекти во поранешната касарна од Министерството за одбрана на општина Струмица. Првиот објект во трајно користење, општина Струмица го доби во декември 2017 година. Инаку, Струмица е последната општина од вкупно десет, која од Министерството за одбрана ги добива на трајно користење објектите од старата касарна во рамките на проектот „Старите касарни за нов локален развој“, а кој започна да се реализира во 2010 година.
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544