Вести - Февруари 2018

Советот на општина Струмица ја одржа седмата седница

Повеќе предлог – планови, програми и одлуки беа донесени на денешната седма седница на Советот на општина Струмица. Советниците го усвоија предлог планот за запишување на ученици во прва година во трите средни општински училишта во учебната 2018/2019 година. Според него вкупно можат да се запишат 1.611 ученици во 38 паралелки, а ќе биде побарано и воведување нови образовни профили. Сакам да ја истакнам точката за делумно ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежното земјиште за објекти со природни зелени кровови што беше и во Програмата на нашиот градоначалник, Коста Јаневски, а која едногласно се усвои.

Градоначалникот Јаневски учествува на симпозиум за градоначалници во Виена

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, учествува на дводневен симпозиум за градоначалници кој што се одржува во Виена, Австрија. Темата на симпозиумот е одржлив, инклузивен урбан развој во Југоисточна Европа – градови за луѓето, а целта е јакнење на капацитетите на единиците на локалната самоуправа во Југоисточна Европа. Покрај Јаневски, на симпозиумот во Виена учествуваат и градоначалниците на општините Велес, Кочани, Крива Паланка и Илинден.

Решение за свикување на седмата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување на седмата седница на Советот на општина Струмица

ООУ „Маршал Тито“ од Струмица, домаќин на општинскиот натпревар по математика за учениците од основно образование

Ученици од четврто до деветто одделение од општинските основни училишта од општина Струмица, викендот, беа учесници на општинскиот натпревар по математика, кој во организација на Сојузот на математичари на Македонија, се одржа во општинското основно училиште „Маршал Тито“-Струмица. На натпреварот учествуваа ученици кои во досегашното школување постигнале солидни резултати, со освоени први, втори и трети места на повеќе нивоа на натпреварување, но и ученици од четврто одделение, кои за првпат се сретнаа со решавање задачи на општински натпревар.

Општина Струмица ја одбележа 14-годишнината од смртта на претседателот Трајковски

Со пригодна програма пред споменикот „Македонија“ во градскиот парк, денеска, општина Струмица ја одбележа 14-годишнината од трагичната смрт на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски. За животот и делото на Трајковски, зборуваше Јосиф Христов, член на Советот на општина Струмица, кој меѓу другото рече:„ Борис Трајковски работеше со чесни намери да и помогне на Република Македонија и на нејзините граѓани. Тоа тој го правеше со нагласена енергија, верба во успех и со многу, многу љубов. Остана верен на својот препознатлив стил со кој манифестираше ведрина, топлина, срдечност и беспрекорна ширина во своите погледи и ставови.

Општина Струмица ги чисти од снегот патните правци кон Раборци, Рич и Попчево

Општина Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“  интензивно работат на чистење на снегот во градот и населените места ангажирајќи и дополнителна механизација од локалните градежни фирми. Веќе е прооден патот до населеното место Раборци, а продолжува пробивањето кон Рич и Попчево.Поради непроодниот пат, во утрински часови на настава од шесто до  деветто одделение во основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица не дојдоа 31 ученик и тоа 23 од Рич, 6 од Попчево и 2 од Раборци.

Екипите на „Комуналец“ вршат континуирано чистење на снегот

По снежните врнежи кои ја зафатија општина Струмица, екипите на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ се на терен и вршат континуирано чистење на улиците и тротоарите. Од синоќа од 23 часот се врши и машински и рачно чистење и се фрла сол и ризла. Според Бранко Горѓиев, раководител на единицата „Чистота“ досега се фрлени 4,5 тони сол и 1,5 тони ризла.

Здружението „Борка“ на градоначалникот Јаневски му врачи благодарница за поддршката од општина Струмица

Градоначалникот Коста Јаневски денеска одржа средба со претставници на здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден“. На средбата се разговараше за досегашната и идна соработка меѓу Општината и Здружението. Во знак на благодарност за досегашната поддршка на активностите на Здружението и помошта и поддршката на пациентите со малигни заболувања, на градоначалникот Јаневски му беше врачена благодарница.

Страница 1 од 5

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544